Вести
Инспириран од GT спортистите: Stonic GT Line достапен во салонот на „Kia Motors Macedonia“
Новиот Stonic во GT Line изведба веќе пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia, со што и македонските купувачи на располагање го имаат најновиот модел од марката, кој добива дизајн инспириран од спортот, односно од моќните GT модели на Kia, Stinger, Ceed GT и ProCeed GT.
Ова се манифестира со разликите на предниот и задниот браник, поточно на предниот браник се забележуваат интегрирани LED светилки за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб.
Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот.
Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Надворешниот дел го комплетираат Stonic GT Line,17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба.
Stonic GT Line исто така се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line.
Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму во внатрешноста се наоѓа и различен волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно.
Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото.
Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.
Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, а менувачот е 7-степен DCT.
Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија во салонот на Kia Motors Macedonia, чини 21.200 евра.
Повеќе содржини за Kia: