Slide 1

Стории

Интервју со Линда Џексон (CEO на Peugeot): Брендот има успешен рецепт од кој не отстапуваме

Slide 1

15/04/2021

Актуелната пандемија донесе многу промени, вклучувајќи ги и тие во автомобилската индустрија, која експресно мораше да се адаптира на новата ситуација.

Производителите продолжуваат да работат со жестоко темпо, но колатерална штета на новите услови на функционирање беа автомобилските саеми и регионалните презентации, на кои обично медиумите како AutoFocus имаа можност да комуницираат со водечките луѓе во индустријата, па и да реализираат бројни интервјуа од овие големи собири.

Додека со нетрпение очекуваме нормализација , македонскиот и регионален импортер на Peugeot, компанијата „Еуроимпекс“, ни овозможи видео интервју со Линда Џексон, Главниот извршен директор (CEO) на францускиот бренд.

Британката важи за една од највлијателните дами во автомобилската индустрија, а во разговорот со AutoFocus откри дел од стратегијата, визијата и очекувањата на Peugeot од наредниот период.

AF: Позиционирањето како „апмаркет“ бренд стана дел од идентитетот на Peugeot. Истовремено, овој процес се одвива паралелно со зголемените трошоци за производство заради задолжителните безбедносни системи, како и трошоците за имплементирање на EU регулативата во однос намалување на Co2 емисијата. Каков е предизвикот на Peugeot во овој процес и како тој влијае на купувачите?

– Стратегијата на Peugeot за позиционирање повисоко е започната одамна и беше официјално најавена со претходната генерација на моделот 308. Идентитетот е поставeн на три главни столба, а тоа се извонредноста, привлечниот дизајн и емотивноста, при што сме успешно позиционирани како „High End Generalist“ бренд. Во конкретниот случај со новиот 308, атрактивниот дизајн е надополнет со најновата верзија на i-Cockpit, а сето тоа оди во насока на зголемување на вредноста и квалитетот кои ги добиваат купувачите. Peugeot со „Power of choice“ концептот, кој подразбира избор на бензински, дизел и електрифицирани автомобили во сите сегменти, отвори и една нова ера, со што дополнително ја зацврстува својата позиција во сите сегменти. Ние планираме да имаме електрична изведба од секој модел до 2025 година.

AF: Премиерата на новиот 308 следуваше кратко по претставувањето на новиот идентитет на брендот. Дали може да кажеме дека овој модел ја дефинира иднината на Peugeot?

Мислам дека се работи за интересен автомобил кој ги поседува сите карактеристики кои се важни за брендот, а згора на тоа се работи и за бестселер, што му дава посебно значење. Атрактивниот дизајн истовремено е елегантен и динамичен, а посебно внимание е посветено и во ентериерот, i-Connect поврзувањето и слично. Интересно е и логото, кое ќе биде вметнато кај сите модели, но барем одреден период, ова ќе биде прв автомобил со новото лого со лавот. Исто така важно ни е на купувачите да им понудиме избор – тие во моментов може да изберат бензински, дизел, хибриден или за кратко – целосно електричен 308. Тоа ни е многу важно – можноста за избор. Исто така, сегашната структура на продажбата на Peugeot покажува дека најголем дел од неа произлегува од Европа. Но, нашата стратегиска цел е во следните години да се прошириме на пазарите на Јужна Америка и Кина, каде што веќе сме присутни, но планираме во голема мера да ги зголемиме нашите активности.

AF: Претходната генерација на 308 го доби признанието „Европски автомобил на годината“, а Peugeot ја освои оваа награда три пати последните осум години. Дали сметате дека новиот 308 е подготвен да ја одбрани титулата и да ја продолжи успешната серија?

– Сигурна сум дека Peugeot 308 е подготвен за овој предизвик и навистина би сакала да го добие признанието повторно или барем да бидеме на подиумот. Но, она што исто така е многу важно е да стигнеме и до поголема продажба, односно пазарен удел во Ц сегментот, бидејќи и тоа е навистина важно и цел кон која се стремиме како бренд.

AF: Автомобилската индустрија се соочува со проблемот на недостиг на чипови. Како Peugeot се снаоѓа во оваа ситуација?

– Она што треба да се потенцира дека автомобилската индустрија е навистина комплексен бизнис. Постојано се појавува некој проблем кој бара посебно внимание и решение. Да не заборавиме на ситуацијата со коронавирусот, проблем кој и натаму е актуелен, а поради кој моравме да почнеме да ја користиме и дигиталната продажба. Така што и оваа ситуација со проблемите со снадбувањето со чипови е само надополнување. Работиме ден за ден, фабрика за фабрика и се обидуваме да најдеме начин за што побрзо да ги испорачаме автомобилите до нашите купувачи. Или како што вели мојот шеф – Карлос Таварес, во овој бизнис мора да се адаптирате, да бидете флексибилни и постојано да барате решенија за тековните ситуации.

AF: Дали можеби купувачите на поголемите и поважните пазари имаат предност во однос на доставата на порачаните примероци во споредба со купувачите на мал пазар како македонскиот?

– Не, купувачите не треба да се грижат за тоа. Сите се во иста позиција и испорачувањето на автомобилите се одвива според вообичаените продажни принципи.

AF: Формирањето на групацијата Stellantis значи дека Peugeot е во едно семејство со многу повеќе брендови. Како ќе успеете да го задржите вашиот уникатен карактер во вакво опкружување и дали проширувањето на пазарите на Јужна Америка и Кина е дел од новата стратегија по здружувањето?

– Во Stellantis се вклучени дури 14 брендови, но сепак тоа не значи дека еволуцијата на Peugeot нема да продолжи во зацртаната насока. Од искуство можам да кажам дека и во рамките на PSA Group, кога го водев Citroen, користевме иста платформа за модели како Peugeot 3008 и Citroen C5 Aircross, но сепак тоа се два различни автомобили со уникатен карактер. Имаме специфична позиција, успешен рецепт и купувачи на кои им се допаѓаат токму нашите автомобили. Но, имаме и други планови, а тие се поврзани со интернационалното ширење на брендот. Поседуваме потенцијал кој можеме да го искористиме на важни пазари како Кина, но и Јужна Америка, Африка и Средниот Исток. Неодамна го лансиравме пик-апот Landtrek, кој ќе биде пласиран на овие пазари каде тој сегмент е посебно важен. Повторно може да ја споменеме електрификацијата и поголемиот избор на електрични и плаг-ин хибрид изведби, кои ќе ги подобрат и резултатите на глобално ниво.

AF: Со оглед на тоа што спомнавте дека во вашата цел е да понудите можност за избор особено во однос на електрифицирани верзии од моделите, каква е позицијата на Peugeot, но и на целата автомобилска индустрија во однос на ставање сè на картата на електрификација, имајќи ја предвид ЕУ регулативата и најавите на државите за забрана на продажба на автомобили со класичен погон?

– Тоа е една комплексна материја која зависи од многу работи, а ние и натаму на нашите купувачи ќе им овозможиме да бираат меѓу бензински, дизел и електрифицирани изведби. Точно е дека некои држави најавија забрана од 2030 година, но во моментов не можеме да предвидиме дали тоа ќе се случи тогаш или на пример во 2035 година , а од друга страна ги имаме и пазарите надвор од Европската Унија. Ние немаме никакво влијание врз регулативите, но затоа сме ориентирани кон тоа да им овозможиме избор на купувачите во секој момент и сметам дека тоа го правиме на исправен начин.

Повеќе содржини за Peugeot:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024