Slide

Стории

Испораките за Volvo EX90 доцнат заради интеграцијата на фамозниот LiDAR систем

Slide

EX90 е првиот модел на Volvo кој вклучува LiDAR сензори, кои ќе бидат вклучени во сите пакети на опрема.

31/07/2023

Најзначајното лансирање на нов модел на шведскиот премиум производител Volvo по она на XC40 пред 6 години е отежнато поради потешкотии со радарските системи.

Volvo го одложи производството на новиот EX90 знаменосец за кон средината на 2024 година, поради тоа што на инженерите на производителот им е потребно повеќе време за инкорпорирање на безбедносните технологии со новата платформа.

За време на состанокот со инвеститорите во четвртокот, Џим Рован, извршниот директор на Volvo го оправда 6-месечното доцнење со “комплексност на софтверскиот код” поврзан со LiDAR системот.

Радарската технологија користи светлосни снопови за да генерира прецизни фотографии од околината околу возилото. Според Volvo, ваквиот систем креира невидлив безбедносен штит околу возилото и помага за намалување на бројот на сообраќајни незгоди со теши последици или смрт за една петтина.

EX90 е првиот модел на Volvo кој вклучува LiDAR сензори, кои ќе бидат вклучени во сите пакети на опрема.

“Голем дел од софтверот го креираме сами”, изјави Рован. “Сакаме да бидеме сигурни дека штом за првпат ќе го вградиме софтверот во нашиот безбедносен систем, сѐ ќе функционира како што треба”, додаде тој.

Според Рован, одложувањето ќе им даде дополнително време на инженерите за да ја завршат работата, но може да ги оддолжи испораките кон третиот квартал на следната година.

За волја на вистината, и голем дел од останатите автомобилски групации се соочуваат со слични предизвици околу софтверските системи и поради тоа ги одложуваат лансирањата на долго најавуваните модели на новите платформи.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа