Skip to content

Вести

Историски Abarth викенд во Милано: „Скорпијата“ ги собира своите фанови за 70. роденден

Собирот во Милано ќе биде посебно возбудлив за присутните поради специјалната програма која е подготвена, а на која се очекуваат околу 3.000 тест возења и многу придружни активности и запознавање на легендарните модели на брендот

04/10/2019

Првиот октомвриски викенд во Милано ќе помине во знакот на собирот на фановите на автомобилскиот бренд Abarth, најголем и најзначаен досега поради фактот што поводот е прославувањето на 70-годишниот јубилеј.

Најпознатата скорпија во светот е таа на логото на Abarth, претставувајќи ја страста и филозофијата на „абартистите“ од целиот свет кои се импресионирани од спортскиот карактер и динамичноста на автомобилите кои го носат презимето на легендарниот Карло Абарт.

Денеска, Abarth e дел од FCA семејството откако уште во 1971 година стана сопственост на Fiat Group, но целата приказна започнала благодарение на љубовта кон мотоспортот и автомобилите токму на Карло Абарт.

Тој го формира брендот во 1949 година заедно со познатиот возач Гвидо Скалјарини, првиот автомобил е дериват на Fiat 1100 и ја носи ознаката 204 А, а експресно предизвикува внимание откако со него, Тацио Нуволари успеал да победи на трката Палермо-Монте Пелегрино. Паралелно со спортските изведби, брендот Abarth станува глобално популарен со квалитетните тјунинг китови и пред се издувите кои ја прославуваат „скорпијата“ на повеќе континенти.

Наредните децении, автомобилите со Abarth потпис поставуваат многу брзински рекорди и остваруваат илјадници победи во различни мотоспорт серии, a еден од најважните успеси се трите титули во Светскиот рели шампионат во конкуренција на конструктори и две за возачите Валтер Рерл и Марку Ален со Fiat 131 Abarth.

Креација на Карло Абарт
Креација на Карло Абарт
Креација на Карло Абарт
Дизајнер по професија, Карло Абарт го формирал брендот Abarth во 1949 година

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Скорпијата како инспирација
Скорпијата како инспирација
Скорпијата како инспирација
Абарт ја вметнал скорпијата во логото инспириран од својот хороскопски знак, но и од нејзините карактеристики кои се совпаѓаат со ДНК-та на Abarth
Абарт ја вметнал скорпијата во логото инспириран од својот хороскопски знак, но и од нејзините карактеристики кои се совпаѓаат со ДНК-та на Abarth
Абарт ја вметнал скорпијата во логото инспириран од својот хороскопски знак, но и од нејзините карактеристики кои се совпаѓаат со ДНК-та на Abarth
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Создавање на митот
Создавање на митот
Создавање на митот
Продлабочувајќи ја соработката со Fiat, Abarth креира импресивна изведба на Fiat 500 со која ги поместува стандардите на спортските автомобили
Продлабочувајќи ја соработката со Fiat, Abarth креира импресивна изведба на Fiat 500 со која ги поместува стандардите на спортските автомобили
Продлабочувајќи ја соработката со Fiat, Abarth креира импресивна изведба на Fiat 500 со која ги поместува стандардите на спортските автомобили
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Рекорди и титули
Рекорди и титули
Рекорди и титули
Abarth изведбите постигнуваат многу рекорди и освојуваат стотина титули, а меѓу највредните се три во Светскиот рели шампионат освоени со Fiat 131 Abarth
Abarth изведбите постигнуваат многу рекорди и освојуваат стотина титули, а меѓу највредните се три во Светскиот рели шампионат освоени со Fiat 131 Abarth
Abarth изведбите постигнуваат многу рекорди и освојуваат стотина титули, а меѓу највредните се три во Светскиот рели шампионат освоени со Fiat 131 Abarth
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Нова ера
Нова ера
Нова ера
Fiat го презема Abarth во 70-те години, но целосно го ревитализираше брендот во 2008 година, вклучувајќи ја и премиерата на Grande Punto Abarth

Abarth 695 за јубилејот
Abarth 695 за јубилејот
Abarth 695 за јубилејот
Покрај сериите 124 и 595, Abarth за 70. роденден го промовираше специјалниот 695 70 Anniversario. Ќе биде произведен во само 1949 примероци
Покрај сериите 124 и 595, Abarth за 70. роденден го промовираше специјалниот 695 70 Anniversario. Ќе биде произведен во само 1949 примероци
Покрај сериите 124 и 595, Abarth за 70. роденден го промовираше специјалниот 695 70 Anniversario. Ќе биде произведен во само 1949 примероци
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Брендот е целосно ревитализиран во 2008 година кога ја добива потребната независност во рамките на италијанската групација, по што лансира специјални спортски модели како Abarth 500, за денеска да бидат најактуелни Abarth 595 и Abarth 124 и нивните изведби.

По повод големиот јубилеј, Abarth ја претстави специјалната серија Abarth 695 70 Anniversario, чија премиера е закажана токму на „Abarth деновите“ на 5 и 6 октомври, а ќе биде произведена во точно 1949 примероци.

Собирот во Милано ќе биде посебно возбудлив за присутните поради специјалната програма која е подготвена, а на која се очекуваат околу 3.000 тест возења и многу придружни активности и запознавање на легендарните модели на брендот.

Учеството веќе го најавиле неколку илјади фанови, што и не е изненадување ако се знае дека во светот постојат 74 официјални фан клубови и таканаречена „Scorpionship“ заедница во која членуваат над 110.000 фанови.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend