Вести

Историски месец за брендот Ford на најголемиот европски пазар

Бројките велат дека минатиот месец, 22.713 купувачи во Германија се одлучиле за автомобил со логото на Ford, резултат кој е за 27,5 проценти подобар во однос на истиот месец во 2018 година

07/09/2019

Официјалната продажна статистика за нови автомобили во месец август во Германија откри неверојатен раст на брендот Ford, кој може да се пофали со најдобар август уште од 1996 година.

Бројките велат дека минатиот месец, 22.713 купувачи во Германија се одлучиле за автомобил со логото на Ford, резултат кој е за 27,5 проценти подобар во однос на истиот месец во 2018 година. За резултатот да биде позначаен, постигнат е во ситуација кога германскиот пазар забележа минимален, но сепак реален пад на продажбата за 0,8 проценти.

Ford стигна до пазарен удел од 7,2 проценти во Германија, а од почетокот на годината заклучно со август, на овој пазар се продадени 192.471 примерок, што повторно значи раст од 10,4 проценти во однос на првите осум месеци во 2018 година. Ова е најдобар резултат на Ford во Германија уште од 1999 година, а е постигнат во ситуација кога германскиот пазар во истиот период има позитива од само 0,9 проценти.

Во однос на моделите, најголем раст забележале Mustang (+ 66,2%), Ford Tourneo Connect (+ 63,2%) и Ford S-Max (+ 58,9%), a европската централа на Ford го истакнува и годишниот раст од 15,9 проценти на комерцијалните возила во Германија. Вкупната продажба на патнички и комерцијални возила во август била 28.247 примероци, што е досега незабележана бројка за Ford на германскиот пазар во овој летен месец.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider