Slider

Вести

Италијански Brembo купи дел од акциите на Pirelli

Slider

Brembo e бренд кој исто како и Pirelli е познат по своите премиум продукти, а негови сопирачки се користат од голем број производители, меѓу кои и Ferrari, BMW, Mercedes и Teslа

02/04/2020

Експертот за сопирачки, италијанската компанија Brembo купила акции во гигантот за производство на пневматици Pirelli, пренесуваат италијанските медиуми.

Brembo e бренд кој исто како и Pirelli е познат по своите премиум продукти, а негови сопирачки се користат од голем број производители, меѓу кои и Ferrari, BMW, Mercedes и Teslа.

Раководството на компанијата решило да купи 2,43% од достапните акции на Pirelli, а медиумите шпекулираат дека потегот е направен без да биде информиран производителот на пневматици, при што е искористен моментот во кој акциите на Pirelli се со 40 проценти пониска цена оваа година.

Пазарната капитализација на Brembo изнесува 2,25 милијарди евра, додека кај Pirelli таа е 3,3 милијарди евра. Италијанскиот бренд за пневматици е контролиран од ChemChina и фондот Silk Road, а 10 проценти од акциите има италијанската компанија Camfin.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider