Slide 1
Slide 1

Вести

Италијанските поштари ќе возат електрична Corsa

Slide 1
Slide 1

28/05/2021

Италијанската Пошта објави дека наредниот период ќе и бидат испорачани 1.744 примероци на електричната Opel Corsa-e, со која ќе извршува голем дел од своите оперативни активности на дневна база.

Opel победил на големиот тендер во кој учествувале и други производители, па брендот од Риселсхајм наскоро ќе почне да ги испорачува специјално подготвените примероци на електричната Corsa, со која компанијата покажа дека сака да има позитивен ефект врз намалувањето на Co2 емисијата во урбаните средини.

Во „Poste Italiane“ сметаат дека Corsa-e ги исполнува сите услови за секојдневна експлоатација и комплетирање на испораката на пратки и други логистички задачи, а Opel со 50 kWh батерија овозможи автономија со едно полнење до 337 километри.

На брз полнач (100 kW), Corsa-e добива 80 проценти полна батерија за само половина час.

Покрај напредниот електричен погон, Opel Corsa-e располага и со иновативните технологии во однос на безбедноста, што е уште една причина да биде иделаен соработник на италијанските поштари и вработените во компанијата.

Повеќе содржини за Opel:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“