Slider

Вести

Избор на читателите на „What Car?“: Пристигнувањето на Alfa Romeo Tonale е најважна премиера во 2021 година

Slider

12/01/2021

Автомобилската платформа „What Car?“ има сериозно влијание кај купувачите на британска територија, па и производителите се горди кога ќе добијат признание во традиционалниот избор за автомобил на годината во одредена класа.

Но, покрај ваквиот избор на веќе достапни автомобили, одговорните во „What Car?“ решиле да ги вклучат и читателите на магазинот и интернет страницата, кои го избраа автомобилот кој го очекуваат со најголемо нетрпение оваа 2021 година.

На читателите им биле понудени 14 нови модели чија премиера е закажана годинава, а најмногу од нив се одлучиле за Alfa Romeo Tonale.

Италијанскиот бренд го најави својот помал SUV уште на Саемот во Женева во 2019 година, но се очекува да се појави во продажба кон крајот на оваа година, откако претходно ќе биде претставен и како официјална верзија за сериско производство.

Атрактивниот дизајн на Tonale очигледно остави најдобар впечаток кај читателите кои учествувале во изборот, па му го дадоа признанието кое ќе го направи уште поинтересен за купувачите, кои одамна чекаат збогатување на понудата на Alfa Romeo, која остана само на Giulia и Stelvio.

– Обично изборот за наградата која ја доделуваат читателите е неизвесен, но годинава Tonale направи голема разлика во однос на второпласираниот модел и сите останати. Очигледно луѓето се возбудени поради најавата за нов семеен SUV во понудата на Alfa Romeo, a кога го гледате концептот, не е тешко да сфатите зошто е така, – вели Стив Хантингфорд, главниот уредник на „What Car?“.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider