Slider

Стории

Издржливоста на долг рок е најголема грижа на купувачите на нов автомобил

Slider

22/07/2020

Издржливоста на долг рок или доверливоста е најголема грижа на купувачите на нови автомобили.

Ова го покажува анализата направена од специјализирана интернет сервис за продажба на автомобили кој функционира на британска територија и во која биле вклучени над 700 купувачи.

Анкетираните требало да изберат три најголеми грижи кои им се јавуваат при инвестирање во нов автомобил, а дури 54 проценти од нив се загрижени за издржливоста на автомобилот кој го избрале, односно неговата доверливост на подолг рок.

Како целосно спротивен став е тој на дури третина од купувачите кои истакнале дека немаат никакви грижи.

Други истражувања во Велика Британија покажаа дека издржливоста на автомобилите оди во позитивна насока и тие се почесто ги исполнуваат очекувањата, но за многумина тоа уште е сериозно и отворено прашање.

Покрај доверливоста, во Топ 3 грижи се и дилемата дали автомобилот ќе остане комфорен за користење по неколку години, односно грижата за евентуалното зголемување на трошоците за гориво во иднина.

Еден од десет купувачи се плашат дека автомобилот бргу ќе им досади, а 6,2% проценти изјавиле дека се сомневаат дека наскоро ќе се покајат дека купиле автомобил.

– Во ситуација кога новите автомобили се полни со многу технологија, вистински комплимент за модерните автомобили е што само 14 проценти од купувачите имале проблем на долг рок. Исто така мора да се напомене дека и дел од тие интервенции се поврзани со потреба од едноставно рестартирање на некој систем, отколку со реален проблем, – Кристофер Лојд како претставник на „BuyaCar.co.uk“, кој ја реализираше анкетата.

Најголеми грижи кај купувачите на нов автомобил

54% Доверливост на долг рок
33,9% Немаат никакви грижи
25,1% Зголемување на трошоците за гориво
25% Задржување на комфорот на подолг рок
10,6% Брзо здосадување од автомобилот
8,4% Исплаќање на ратите за автомобилот
6,2% Покајување за купување на автомобил
5,5% Ништо од наведеното
2,7% Друго

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider