Slider

Стории

Излегувањето станува проблем: Автомобилите растат, паркинг местата остануваат исти

Slider

25/11/2020

Денешните автомобили имаат далеку поголеми димензии во однос на нивните претходници од пред неколку децении, а тоа предизвикува сериозни проблеми на ограничените паркинг позиции.

Британски „КарГурус“ направи интересна анализа во која ги спореди димензиите на голем број популарни модели со нивните претходници, потенцирајќи дека стандардите за обележано паркинг место остануваат исти (2,4 x 4,8 метри).

Резултатите од анализата велат дека дел од актуелните модели оставаат само 21 сантиметар за излегување од автомобилот, а најпопуларните модели во Велика Британија имаат зголемена просечна широчина за цели 55 проценти.

Ваквата ситуација е причина за многу оштетувања на автомобилите на паркинзите, па возачите на годишно плаќаат милиони евра поради ваквите инциденти.

Сериозно популарниот Range Rover користи 86 проценти од широчината на стандардна паркинг позиција, додека Honda Civic во десеттата генерација стигнала од 49% до 71%, при што на возачот му остануваат 30 сантиметри да излезе од автомобилот.

Легендарниот Mini Hatch денеска обезбедува 16 сантиметри помалку простор за излегување од автомобилот во однос на неговиот класичен претходник од претходната ера.

– Разбирливо е зошто автомобилите пораснаа толку многу низ годините, а посебен бенефит се сериозно подобрените безбедносни стандарди. Сепак, она што е неразбирливо е зошто стандардите за паркинг позициите не се променети.

– Најновите автомобили користат различни технологии, вклучувајќи паркинг сензори, камери со преглед од 360 степени, некои имаат автоматско паркирање, а одредени и заштитни панели како Citroen Airbumps.

– За жал, колку и да е олеснето паркирањето, тоа нема да ви помогне да излезете од автомобилот кога има минимален простор меѓу два автомобила, – вели Крис Кнапман од британската онлајн платформа „КарГурус“.

Модел

Простор за отворање врата
(см)

Модел

Простор за отворање врата
(см)

Зголем
ување на
искори
стена
површина на
паркинг
место

Mini (1957)

50 см Mini 2014- 34 см

55%

Fiat 500 (1957)

54 см Fiat 500 2007- 39 см

47%

Honda Civic (1972)

45 см

Honda Civic 2016- 30 см 44%
Peugeot 104 (1972) 44 см Peugeot 208 2019- 33 см

42%

Renault 5
(1972)
44 см Renault Clio 2019- 30 см

36%

Mazda 323
(1977)

40 см Mazda 3 2019- 30 см

31%

Audi 80
(1972)
40 см

Audi A4 2016-

28 см

30%

VW Passat
(1973)
40 см VW Passat 2015- 28 см

30%

Opel Corsa
(1982)

43 см Opel Corsa 2019- 32 см

29%

VW Golf
(1974)

40 см VW Golf 2020- 31 см

28%

Ford Escort
(1974)

42 см Ford Focus 2018- 29 см

28%

VW Polo
(1975)

42 см

VW Polo 2018-

32 см

26%

Ford Fiesta
(1976)

42 см Ford Fiesta 2017- 33 см

25%

Range Rover (1969)

31 см Range Rover 2012- 21 см

25%

Toyota Corolla (1974)

42 см Toyota Corolla 2019- 31 см

25%

BMW 3
(1975)

40 см

BMW 3 2019-

29 см

23%

Ford Cortina (1976)

35 см

Ford Mondeo 2014-

27 см

22%

BMW 5
(1972)

36 см

BMW 5 2017-

27 см

17%

Mercedes
190 (1982)

36 см

Mercedes C-Class 2014-

30 см

14%

Mercedes
W123 (1976)

31 см

Mercedes E-Class 2017-

27 см

8%

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider