Slide

Новитети

Извршниот директор на BMW најави ценовно изненадување кај првиот модел поставен на новата “Neue Klasse” платформа

Slide

Првата визуелна асоцијација во однос на новиот модел беше прикажана на овогодинешниот CES, каде BMW го претстасви концептот iVision Dee.

20/01/2023

Во 2025 година премиум производителот од Минхен ќе го лансира првиот модел поставен на долго најавуваната нова платформа. Извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе ветува дека моделот ќе постави нови стандарди во многу аспекти.

Пред-продукциското производство на првиот модел поставен на новата платформа е закажано за следната есен. Тоа беше најавено уште во јули 2022 година од страна на извршниот директор на BMW. 

Првите примероци, пак, од очекуваниот модел се очекува да пристигнат кај клиентите во 2025 година. Првиот модел кој ќе ја користи оваа платформа се очеква да биде седан со четири врати.

Првата визуелна асоцијација во однос на новиот модел беше прикажана на овогодинешниот CES, каде BMW го претстасви концептот iVision Dee. Иако според Зипсе, тоа не е баш комплетна најава на тоа како ќе изгледа моделот, сепак е некаква насока за пристапот кон дизајнот.

Извршниот директор на BMW за време на CES не штедеше зборови кога станува збор за очекувањата од новиот модел на брендот. “Тој ќе постави нови стандарди во однос на автономијата, брзината на полнење на батеријата и цената. Не ја заборавајте цената”, изјави тој за време на средба со новинарите во Лас Вегас.

BMW има големи очекувања од новите батериски ќелии, чие користење ќе започне токму со првиот модел поставен на новата платформа. Се работи за литиум-јонски батерии, кои имаат можност да користат катоди од литиум-железо фосфат.

Освен ова, BMW за време на CES го промовираше својот нов head-up дисплеј. Имено, концептот претставен на CES е без класичен екран осетлив на допир поставен на централната конзола.

Наместо тоа, BMW развива сосема нов, иновативен head-up дисплеј, преку кој на ветробранското стакло ќе се прикажуваат најважните податоци. 

Со тоа, според Зипсе, во историјата ќе заминат екраните осетливи на допир кои денес се неизбежна функционалност, иако во однос на нивното користење има многу контроверзни ставови.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа