Slide
Slide

Стории

Извршниот директор на Hyundai ги пренаменува ресурсите кон електричните модели

Slide
Slide

Ефективно, страгетијата ќе вклучува неколку варијанти групирани во Ioniq гамата. Понудата во сегментот стартуваше преку компактниот кросовер Ioniq 5, кој веќе се продава, а ќе биде надополнет со седанот Ioniq 6 и големиот SUV Ioniq 7.

23/12/2021

Самоуверениот извршен директор на Hyundai, Јаехун Чанг смета на годишен раст од 57% на глобалните продажби на електрични возила.

Растечката продажба на брендовите Hyundai и Genesis е резултат на поголем број активности кои беа спроведени од страна на менаџментот на корејската групација. 

Тие успеаја во напорите за подобрување на квалитетот и дизајнот на своите модели, а навреме воведоа модели во популарниот SUV сегмент. Преку брендот Genesis од пред неколку години се застапени и во премиум сегментот. 

Но, сега менаџментот на Hyundai е исправен пред нов предизвик: освојување на пазарот на електрични возила.

Извршниот директор Јаехун Чанг е оптимист во однос на продажните проекции, при што очекува следната 2022 година да оствари продажба од 220,000 електрични автомобили на Hyundai и Genesis, споредено со 140,000 – бројка со која се очекува групацијата да ја заврши оваа година.

Доколку се остварат овие планови, Hyundai Motor Co. ќе оствари 57% годишен раст.

Очекувањата за годишниот раст се дел од офанзивните интерни цели на групацијата Hyundai Motor Group, кои вклучуваат продажба на 1.7 милиони електрични возила во 2026 година. Таа проекција, која ги опфаќа брендовите Hyundai, Kia и Genesis, треба да се оствари откако според истиот план во 2025 година треба да се премине прихолошката граница од 1 милион електрични возила.

За да стигне до овие резултати, Hyundai ќе инвестира во нова фабрика за производство на електрични возила во САД, а која ќе биде дел од инвестициски план вреден 7.4 милијарди долари. Групацијата ќе воведе нова платформа за електрични возила, на која ќе бидат поставени дури 13 комплетно електрични модели. 

Истовремено, производителот ќе ги сопре инвестициите во возила со мотори со внатрешно согорување и ќе ги пренамени во развој на батериски технологии и производство на електрични модели.

“Тоа е транзицијата која сакаме да ја реализираме што е можно побргу”, изјави Чанг месецов. “Ќе настапиме многу агресивно во однос на електрификацијата,” додаде тој.

Чанг, кој на позицијата главен директор на Hyundai Motor Co. дојде минатиот декември од местото извршен директор на Genesis, има задача да ја предводи големата трансформација на најпознатиот автомобилски производител од Јужна Кореја.

Влезот на Hyundai во сегментот на електрични возила временски се софпаѓа со обидите премиум брендот Genesis да се здобие со застапеност на поголем број на пазари.

Hyundai во минатото заостануваше зад глобалните ривали во однос на дизајнот и квалитетот, но, како што потенцира Чанг, тука гапот е веќе неутрализиран. Сега е време вниманието да се насочи кон електрификацијата.

“Мораме да бидеме компетитивни преку воведување на нови модели. Тоа е нашиот моментум”, изјави Чанг во однос на плановите за нови електрични возила.

Ефективно, страгетијата ќе вклучува неколку варијанти групирани во Ioniq гамата. Понудата во сегментот стартуваше преку компактниот кросовер Ioniq 5, кој веќе се продава, а ќе биде надополнет со седанот Ioniq 6 и големиот SUV Ioniq 7.

Но, тоа се само три од вкупно 13-те електрични модели кои брендот Hyundai планира да ги комерцијализира до 2026, вклучувајќи електрични изведби на веќе постоечките модели. Додека Ioniq гамата e поставена на E-GMP платформата на Hyundai Motor Group, производителот ќе воведе уште една електрична платформа за да се олесни производството на проширената електрична гама.

Чанг не сподели детали за новата платформа.

“Иако сакаме да ја потврдиме тезата дека можеме да ги постигнеме тие бројки со само една платформа, сепак, ние мораме да размислуваме за повеќе од една платформа”, додава тој.

“Ние го прошируваме нашето електрично порфтолио и верувајте дека имаме конкретни планови како да го реализираме тоа.”

Чанг не сподели таргети за продажба на електрични возила во САД, но нагласи дека менаџментот се фокусира на пазарниот удел, наместо на апсолутните бројки. Заклучно со ноември во САД Hyundai и Genesis остварија раст од 28%, при што остварија вкупна продажба од 731,363 возила. Само Hyundai забележа 686,741 продадени примероци (24% раст), со што е на пат да го достигне рекордот од 768,057 примероци остварен во 2016 година.

Пазарниот удел на Hyundai во САД порасна на 5% во септември, што претставува зголемување за 0,7 процентни поени. Пазарниот удел на Genesis, пак, изнесува 0,3%, споредено со 0,1% од претходната година.

Во 2030 година Hyundai очекува половина од продажбите во САД да бидат електрични возила. 

На глобалниот пазар Hyundai и Genesis имаат цел да остварат продажба од 220,000 електрични возила, споредено со 90-те илјади остварени во 2020.

Genesis во 2025 ќе започне со напуштање на моторите со внатрешно согорување, ќе лансира осум комплетно електрични, како и модели на водороден погон, по што ќе стане комплетно електричен бренд во 2030 година.

Од друга страна, Hyundai престанува со развој на нови мотори со внатрешно согорување. Ќе ги унапредува постоечките колку што е можно за да ги задоволи Co2 нормите. “Ќе ги развиваме постоечките технологии за да бидат во согласност со новите норми. Тоа не значи дека ќе мора да воведуваме комплетно нови мотори” – завршува Чанг.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс