Slider

Новитети

Jaguar го освежи F-Pace: Попривлечен однадвор, полуксузен однатре, отсега достапен и како плаг-ин хибрид

Slider

На сцената сега стапува освежена верзија на F-Pace, односно уште поатрактивен премиум SUV, преку кој Jaguar ја продолжи суптилната еволуција на својата дизајнерска филозофија

15/09/2020

Jaguar влезе на нова територија со лансирањето на првиот SUV модел кој го нарече F-Pace, за неколку години подоцна тој да се претвори во еден од поважните автомобили во гамата на британскиот бренд.

На сцената сега стапува освежена верзија на F-Pace, односно уште поатрактивен премиум SUV, преку кој Jaguar ја продолжи суптилната еволуција на својата дизајнерска филозофија.

Новата варијација на и онака привлечниот F-Pace добива потенки предни (со двоен J LED потпис) и задни светла, поголема маска со специфичен дизајн, редизајнирани браници и дифузери, како и малку поинаква форма на поклопецот на моторот.

Jaguar реши да го следи фидбекот од своите купувачи и посериозно да делува на ентериерот, надградувајќи го премиум амбиентот со многу поквалитетни материјали, повеќе простор за предмети, како и Pivi Pro инфо-забавниот систем, кој е поврзан со заоблениот централен 11.4-инчен екран.

Кај F-Pace ќе биде достапна надградба на софтверот преку интернет, а автомобилот покрај многу други напредни карактеристики и системи, ќе понуди и јонизација на воздухот, неутрализирање на бучавата и пристап и активирање на автомобилот без користење на клучот од најновата генерација.

Новиот F-Pace го презема поспортскиот волан од I-Pace, добива Range Rover комодитет за возачот, а дека посебно е внимавано на деталите покажува дозираната употреба на алуминиум, дрво и елементи како ротирачката контрола за избор на режим на возење и специфичниот контролер за трансмисијата.

Jaguar ќе им го понуди F-Pace на купувачите со шест различни погонски единици, сите подразбираат 8-степена автоматска трансмисија и погон на четири тркала, а новитет е плаг-ин хибрид изведбата со вкупно 404 коњски сили.

Дизел изведбите се достапни со распон на моќност меѓу 163 и 300 коњски сили, при што три од четири се со mild hybrid (48v) технлогија, а бензинците се претставувани од 2.0-литарски агрегат со 250 и 3.0-литарските варијации со 340 и 400 коњски сили.

Досегашните успеси на луксузниот SUV се одлична основа за поголеми амбиции, а од Jaguar тврдат дека направиле промени и во однос на шасијата, суспензијата и системот за управување, со што на купувачите ќе им се испорача уште подинамичен SUV и ќе ги оправда очекувањата за еден претставник на брендот познат по своите спортски модели.

Визуелниот идентитет на F-Pace останува препознатлив, а сега и помодерен, додека фактот што во Jaguar решиле да се концентрираат на секој детаљ во кокпитот и кабината покажува дека автомобилот ќе го акцентира својот напредок во насока на полуксузно доживување за возачот и патниците.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider