Skip to content

Новитети

Jaguar го освежи F-Type: Брутална убавина со V8 сценарио

Новиот F-Type доби помодерен и уште поагресивен дизајн, а и по фејслифтот останува автомобил во кој фокусот е свртен кон возачот и неговото задоволство зад волан

03/12/2019

Jaguar ги сподели првите фотографии и информации за освежениот F-Type, или новата верзија на спортската икона која ја носи автентичната ДНК на брендот и со своите спортски карактеристики останува инспирација за сите останати модели во понудата на британскиот бренд.

Новиот F-Type доби помодерен и уште поагресивен дизајн, а и по фејслифтот останува автомобил во кој фокусот е свртен кон возачот и неговото задоволство зад волан.

Со истата должина (4,47 метри), Jaguar F-Type доби нови предни и задни светла, поширока маска, но и ја задржа препознатливата силуета која му го дава агресивниот тон на овој потврден спортист.

Револуцијата се случува внатре каде Jaguar ги употреби сите последни достигнувања во однос на технологијата и префинетите материјали, па F-Type останува синоним за луксуз, истовремено добивајќи и 12,3-инчна дигитална инструмент табла, Meridian аудио-систем, како и издув со „тивок“ старт, кој ќе ги спаси соседите од прерано утринско будење.

Купувачите на F-Type имаат широк избор во однос на моторите, понудата започнува со 2.0-литарскиот бензинец со четири цилиндри и 300 коњски сили, тука е 3.0-литарскиот V6 агрегат со 380 кс, 5.0-литарски V8 со 450 кс и истата конфигурација во најмоќното издание со 575 коњски сили и спринт до 100 км/ч за 3,5 секунди.

Ова значи дека досегашната SVR спецификација сега се добива со највисоко поставената F-Type R верзија, во која се вклучени и посебно избрани, дополнителни елементи, а сите мотори се поврзани исклучиво со осум-степена автоматска трансмисија.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend