Slider

Новитети

Jaguar го постави E-Pacе на нова платформа и го освежи со технологија и PHEV изведба

Slider

E-Pace сега е рамноправен и со другите членови на семејството откако го доби Pivi Pro инфо-забавниот систем, целосно нова и технолошки напредна платформа, која дебитираше кај LR Defender, а во меѓувреме ја добија и сите останати JLR модели кои беа освежени

28/10/2020

Jaguar E-Pace вози во својата прва генерација и останува еден од најпопуларните модели не само на британскиот бренд, туку и во целиот сегмент.

Самоуверениот став на привлечниот SUV сега добива и дополнителна мотивација, односно адути со кои ќе ги предизвика ривалите, потенцирајќи ги своите квалитети кои се заокружени во новото освежување.

Дека Jaguar има големи амбиции со E-Pace говори и фактот дека со овој фејслифт, автомобилот добива нова платформа (PTA), која пак покрај останатите предности имплементира и можност за плаг-ин хибрид изведба, како и опција за E-Pace како благ хибрид со 48V технологија.

Производителот најавува и подобра управливост и возни карактеристики, како и подобрена верзија на погонот на четири тркала, кој влегува во приоритетите на купувачите.

E-Pace сега е рамноправен и со другите членови на семејството откако го доби Pivi Pro инфо-забавниот систем, целосно нова и технолошки напредна платформа, која дебитираше кај LR Defender, а во меѓувреме ја добија и сите останати JLR модели кои беа освежени.

Централниот екран со закривен облик располага со 11,4-инчна дијагонала, а во кабината на E-Pace е поставена и специјалната филтрација на воздухот која ги елиминира и PM 2,5 честичките.

Освежениот E-Pace ќе биде достапен со осум погонски единици, од кои шест се ќе бидат благи хибриди. Во ова друштво не се почетниот дизел мотор со 163 коњски сили (PS) и погон на предни тркала, како и првата плаг-ин хибрид изведба P300е, која располага со 309 коњски сили (PS) и автономија на електричен погон до 55 километри.

MHEV технологијата е достапна кај дизел варијациите со 163 кс и погон на четири тркала, односно 204 кс, како и кај бензинските изведби со распон на моќност меѓу 160 и 300 кс (PS).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider