Slide

Вести

Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри

Slide

Од Jaguar во соопштението наведуваат дека со оваа одлука, стануваат првиот премиум производител кој овозможува гарантен период подолг од 3 години.

04/07/2022

Од 1-ви јули годинава, британскиот премиум автомобилски производител Jaguar воведува нови поволности за купувачите во своите гарантни договори со кои ги продолжува гарантните рокови за сите модели во својата гама.

Со овие промени се опфатени и хибридните модели, како и електричниот SUV – I-Pace.

Од Jaguar во соопштението наведуваат дека со оваа одлука, стануваат првиот премиум производител кој овозможува гарантен период подолг од 3 години.

Имено, за сите возила купени по 1-ви јули, нивните сопственици ќе може да ги исползуваат привилегиите при сервисирање на одредени делови во следните 5 години од купувањето на возилото, или 150,000 километри.

Секако, во гаранцијата е вклучена бесплатна замена на резервни делови, како и бесплатна работна рака.

Зголемувањето на гарантниот рок од страна на британскиот производител дел од имплементирањето на стратегијата Reimagine која беше усвоена пред неколку години.

Имено, според оваа стратегија, која беше ревидирана при стапувањето на функцијата на Тиери Болоре, новиот извршен директор на брендот, Jaguar ќе се позиционира повисоко, во сегментот на Bentley и нема да се труди да го достигне обемот на продажба на германските премиум производители.

Секако дека ваквиот потег со продолжување на рокот на важење на гаранцијата, ќе значи поголема доверба и слобода при купувањето од страна на индивидуалните и флотните купувачи на возилата од британскиот премиум производител.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила