Slide 1

Вести

Jaguar ќе изработи осум реплики на легендарниот C-type

Slide 1

28/01/2021

Jaguar реши да одбележи 70 години од првата победа на трката „24 часа Ле Ман“, со производство на ограничен број примероци на легендарниот C-type.

Специјалниот оддел Jaguar Land Rover Classic Works рачно ќе изработи автентични копии на спортистот кој импресионираше пред седум децении, а кој за време на доминацијата се истакнуваше и со голем број иновативни технички решенија.

Фановите на овој модел и колекционерите ќе имаат сериозен предизвик бидејќи во Ковентри ќе бидат произведени само осум примероци, а истите се реплика на изведбата од 1953 година, со која C-type вторпат за кратко победи во Ле Ман, но и на други натпревари.

Jaguar пред речиси седумдесет години вметна дискови во системот за сопирање и располагаше со мотор со шест цилиндри и моќност од 220 коњски сили, па во 1953 година пилотите Тони Ролт и Данкан Хамилтон остварија најдобар резултат на „24 часа Ле Ман“.

Во педесеттите години од минатиот век биле произведени 53 примероци со споменатата конфигурација, 43 биле продадени на индивидуални купувачи, додека биле продадени уште 51 примерок од претходната верзија.

Инженерите на Jaguar ја искористиле богатата архива за да навлезат во деталите за изработката на оригиналниот C-type и на тој начин ќе испорачаат автентички реплики на оригиналот, а купувачите дури на располагање ќе имаат и конфигуратор за изгледот на ентериерот.

Повеќе содржини за Jaguar:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024