Slide 1

Вести

Jaguar ќе продава само електрични модели, првиот Land Rover на електричен погон во 2024 година

Slide 1

15/02/2021

Jaguar Land Rover денеска ја најави својата стратегија за актуелната деценија, во која очекувано, во фокусот е електрификацијата.

Првиот човек на групацијата, Тјери Болоре, го најави првиот електричен модел на Land Rover во 2024 година, додека од 2025 година Jaguar целосно ќе биде луксузен електричен бренд веќе од 2025 година.

Истовремено, сите актуелни модели на JLR ќе имаат електрична изведба до 2030 година, а ако Jaguar целосно ја трансформира понудата во електрични изведби, до овој период Land Rover треба да има продажба од 60 проценти со електричните модели.

Автомобилите од гамите на Jaguar и Land Rover ќе користат две платформи, една за електрифицирани и една за целосно електрични модели, а новата стратегија подразбира и дека Jaguar го одложува почетокот на производството на електричен XJ, проект кој беше подготвуван од претходното раководство предводено од Ралф Шпат.

Дизел моторите на JLR ќе почнат да се исфрлуваат од понудата од 2026 година, а според планот, последните примероци со мотор со внатрешно согорување ќе бидат произведени десет години подоцна.

Стратегијата наречена „Reimagine“ потврдува дека JLR не планира да ги затвори фабриките на британска територија, туку тие ќе бидат трансформирани за производство на идните електрифицирани и електрични модели.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental