Slide

Стории

Jaguar Land Rover додава трета смена во фабриката во Словачка, за да ја задоволи побарувачката за Defender

Slide

Групацијата JLR се фокусира на зголемување на производството на Defender, Range Rover и Range Rover Sport, кои менаџментот ги нарекува "три најпрофитабилни модели".

03/02/2023

Моделот Defender е најдобро продаван модел во гамата на Land Rover во последните 7 квартали, период во кој во услови на недостиг на чипови за производство со полн капацитет, производителот дава приоритет на моделите со поголеми продажни маржи.

JLR воведе и трета смена во својата фабрика во Словачка, каде се произведува популарниот SUV, за да се одржи темпото со редовни испораки и покрај зголемениот број на нарачки.

Defender е достапен во три каросериски големини, и е најдобро продаван модел во рамки на JLR откако започна кризата со полупроводници.

Тој е на првото место на табелата за големопродажба (продажба од автомобилскиот производител кон дилерите), за последниот квартал од 2022 година со 23,816 продадени примероци.

Но, темпото не запира, со оглед на тоа што компанијата има огромен број на нарачки кои треба да ги испорача.

“Со воведувањето на третата смена, ќе се забрзаат испораките, а тоа ќе овозможи ослободување на место за нови нарачки, што во крајна линија ќе резултира и со зголемување на продажбите”, изјави Адриан Мардел, привремениот извршен директор на компанијата.

Групацијата JLR се фокусира на зголемување на производството на Defender, Range Rover и Range Rover Sport, кои менаџментот ги нарекува “три најпрофитабилни модели”.

Токму тие три модели заземаат дури 64% од продажбите на компанијата. Тоа е резултат на фактот што менаџментот на JLR беше приморан да го намали производството на помалку профитабилните модели, под притисок на недостигот на полупроводници. Фабриката во која се произведува Defender во словачкиот град Нитра, беше изземена од производствените кратења.

Токму затоа, продажбата на вообичаено најпродаваниот модел на производителот Range Rover Evoque, втор квартал изнесува под 10,000 возила. Слично е и со продажбата на Land Rover Discovery Sport, уште еден популарен модел, чиј скор од 6,230 продадени примероци е најнизок од неговото лансирање.

Двата најскапи модели во рамки на JLR групацијата, Range Rover и Range Rover Sport, се вториот и третиот најдобро продаван модел во последниот квартал. “Range Rover и Range Rover Sport, како и MLA платформата на која се тие поставени се основа за нашиот бизнис модел и деловен успех” изјави Мардел.

Според него, просечните месечни продажби, без производствените ограничувања, може да изнесуваат околу 40,000 месечно, што е значајно зголемување споредено со актуелните 27,000.

“Денес сѐ уште сме далеку од враќање во нормала”, додаде тој. “Убеден сум дека во 2023 поголем предизвик ќе биде понудата отколку побарувачката”.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели