Вести

Jaguar Land Rover ја претстави својата визија за урбана мобилност на иднината

Британската компанија е подготвена за следниот чекор на урбаната мобилност, а Project Vector e дел од мисијата „Destination Zero“, која подразбира нулта емисија, нулта градски метежи и нулта повреди од сообраќајни несреќи

19/02/2020

Jaguar Land Rover ја претстави својата визија за иднината преку концептот Project Vector, кој всушност претставува возило во кое се имплементирани очекуваните еволутивни чекори на мобилноста претставени преку електричен погон и автономно управување.

Британската компанија е подготвена за следниот чекор на урбаната мобилност, а Project Vector e дел од мисијата „Destination Zero“, која подразбира нулта емисија, нулта градски метежи и нулта повреди од сообраќајни несреќи.

Концепот на автономен автомобил е долг четири метри, а ги вклучува сите потребни елементи во однос на електричниот погон кои се сместени под рамниот под.

JLR го потенцира револуционерниот изглед на кабината, чија конфигурација на седишта овозможува и шеринг употреба, како и други комерцијални апликации кои би се интегрирале во иднина.

Компанијата веќе преговара со градските власти на Ковентри за од 2021 година да биде лансиран мобилити сервис како реална лабораторија за мобилноста на иднината на улиците на овој англиски град.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider