Slider

Вести

Jaguar Land Rover ја зголеми продажбата за над 50 проценти за еден квартал

Slider

Jaguar Land Rover објави дека продажбата е зголемена за 53,3 проценти за периодот меѓу јули и септември, во однос на претходниот квартал

07/10/2020

Кризата со коронавирусот ги погоди сите автомобилски производители, но тие полека им се враќаат на вообичаените, или посакуваните продажни резултати неколку месеци по најголемиот удар во кој беа затворени фабриките.

Jaguar Land Rover објави дека продажбата е зголемена за 53,3 проценти за периодот меѓу јули и септември, во однос на претходниот квартал.

Последните три месеци, британската групација преку двата бренда продала 113.569 автомобили, а најголем напредок е забележан во Кина каде продажбата е зголемена за 14,7 проценти во однос на претходниот квартал и 3,7 проценти во однос на истиот квартал во 2019 година.

Претходните три месеци продажбата пораснала за 78,8 проценти во Европа, 21,3% во Северна Америка, иако е јасно дека резултатите се уште не се на нивото од периодот пред пандемијата.

Новиот Land Rover Defender веднаш влијаеше позитивно врз продажните резултати, па само во септември се продадени 4.508 примероци, а допрва се очекува позитивен ефект од освежените верзии на Range Rover Velar, Jaguar F-Pace, Jaguar XE и Jaguar XF, како и надградувањата со плаг-ин хибрид изведби.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider