Slider

Вести

Jaguar Land Rover ќе произведува заштитни визири за британските медицински лица

Slider

Автомобилскиот производител ќе печати по најмалку 1.300 визири дневно, а истите ќе може да се чистат и употребуваат повеќе пати, бидејќи ќе користат прототип кој е одобрен од здравствените власти во Велика Британија

03/04/2020

Jaguar Land Rover ќе ги искористи своите модерни машини за 3D печатење во фабриката во Гајдон, за наредниот период да произведува заштитни визири за вработените во британскиот здравствен систем.

Автомобилскиот производител ќе печати по најмалку 1.300 визири дневно, а истите ќе може да се чистат и употребуваат повеќе пати, бидејќи ќе користат прототип кој е одобрен од здравствените власти во Велика Британија.

Ова е уште еден позитивен чекор на Jaguar Land Rover во асистенцијата при борбата со коронавирусот, овозможувајќи им на медицинските лица и докторите да бидат подобро заштитени при извршување на своите работни задачи.

Со визирите се намалуваат и потешкотиите и последиците од користењето на класичната медицинска заштитна опрема подолг период.

JLR соработува со повеќе компании на овој проект, се доработува конечниот дизајн, а потоа тој ќе им стане достапен и на други помали производители кои би можеле да го користат проектот за да ја зголемат дневната продукција на заштитните визири.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider