Slide 1
Slide 1

Вести

Jaguar Land Rover најави дека развива ултра напредна 3D хед-ап проекција

Slide 1
Slide 1

Крајната цел на оваа и некои други иновативни технологии е кабината на автомобилите со логото на Jaguar и Land Rover да се претвори во место кое ќе гарантира највисока безбедност, навремени информации и врвно искуство за сите патници

02/09/2019

Групацијата Jaguar Land Rover објави дека работи на развивање на нова 3D технологија како дел од следната генерација на екран за хед-ап проекција на информации за возачот, но и за поуникатно доживување за останатите патници.

Инженерите на JLR во моментов се уште го комплетираат проектот со кој возачот ќе ги добива најважните информации, вклучувајќи ги и тие од безбедносните системи, но иствремено со помош на виртуелната реалност истите ќе ги гледа на патот пред себе. На тој начин, не само што возачот постојано ќе биде информиран и предупредуван за одредени опасности, туку тие информации ќе ги добива без да го тргне погледот од патот пред себе.

Истовремено, останатите патници би можеле да ја користат технологијата за 3D проекција на филмови, при што иновативен систем ќе ја детектира позицијата на патникот кој посакал ваква содржина и истата ќе му ја понуди без да бидат потребни дополнителни екрани или 3D очила кои се употребуваат во кината.

Крајната цел на оваа и некои други иновативни технологии е кабината на автомобилите со логото на Jaguar и Land Rover да се претвори во место кое ќе гарантира највисока безбедност, навремени информации и врвно искуство за сите патници. Од JLR истакнуваат дека ова е уште еден чекор за реализација на нивниот концепт „Destination Zero“, каде амбиција е да се достигне мобилност со нулта емисија, со избегнување метежи и без сообраќајни несреќи.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање