Slider

Вести

Jaguar Land Rover најави нов систем за филтрација на кабината кој ги уништува и вирусите

Slider

16/03/2021

Прочистувањето и филтрацијата на кабината стана интересен бенефит барем за купувачите на премиум автомобили, а Jaguar Land Rover постојано работи на унапредување на овој елемент во своите модели.

Заедно со неколку други компании, британската групација сега најави систем за филтрација на воздухот кој е најмалку 97 проценти ефикасен во неутрализирањето на вируси, бактерии и други честички кои нема да имаат пристап во кабината.

Прототипот на системот за греење, вентилација и прочистување ја користи „Nanoe X“ технологијата на гигантот Panasonic, која подразбира креирање на трилион хидроксилни радикали спакувани во молекули на вода, а кои подоцна ги елиминираат протеините на бактериите и вирусите и алергените.

За да ја утврди ефикасноста на иновативниот систем, Jaguar Land Rover ја ангажирала реномираната лабораторија „Perfectus Biomed“ за да направи симулација на функционирање на истиот во период од 30 минути.

Резултатите покажале дека ефикасноста во елиминирање на вирусите и бактериите изнесувала 97 проценти.

Паралелно, системот е тестиран во „Texcell“, a таму е утврдено дека со помош на оваа технологија се уништува 99,99 проценти од присуството на коронавирусот.

Во моментов најголемиот дел на модели на Jaguar и Land Rover ја користат „Nanoe“ технологијата, со што филтрацијата ги елинимира и PM 2.5 честичките, но иднината ќе значи вградување на систем со „Nanoe X“ систем, кој ќе биде уште поефикасен.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider