Slide 1
Slide 1

Вести

Jaguar Land Rover отстапи над 300 автомобили за Црвениот крст и донира заштитни визири

Slide 1
Slide 1

Со дополнителни 150 отстапени автомобили, Jaguar Land Rover ја надмина бројката од 300 возила од својата флота, кои сега служат за интервенции на медицинските тимови или за реализирање на помошта која ја испорачува Црвениот крст до најзагрозените од коронавирусот

09/04/2020

Jaguar Land Rover ја потврдува посветеноста кон мисијата за што поголемо влијание во борбата со коронавирусот и покрај почетокот на производство на заштитни визири, обезбеди дополнителна квота автомобили за здравствените работници и екипите на Црвениот крст на повеќе континенти.

Со дополнителни 150 отстапени автомобили, Jaguar Land Rover ја надмина бројката од 300 возила од својата флота, кои сега служат за интервенции на медицинските тимови или за реализирање на помошта која ја испорачува Црвениот крст до најзагрозените од коронавирусот.

Од JLR потенцираат дека во долгогодишната соработка со Црвениот крст никогаш не биле сведоци на ваква глобална криза, па затоа и нивните возила се користат не само во Велика Британија, туку и Шпанија, Австралија, Јужна Африка, Бразил, Канада, Италија, Русија, Германија и други земји.

Започнат е и процесот на 3D печатење на заштитни визири кои се наменети за британските здравствени работници, а британската компанија во многу земји донираше и заштитна опрема.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање