Slide

Стории

Jaguar Land Rover повторно е профитабилен како резултат на удвоените продажби на новиот Range Rover

Slide

Одличните финансиски резултати се последица на безмалку удвоеното производство на моделите Range Rover и Range Rover Sport.

26/01/2023

Британскиот производител успешно се врати во зоната на профитабилноста откако поголемата достапност на полупроводниците овозможи зголемување на производството на најпрофитабилните модели во нивната гама, како што случајот со новиот Range Rover.

JLR оствари добивка пред оданочување од 265 милиони фунти за последниот квартал од 2022, споредено со загубата од 9 милиони фунти во истиот период од 2021, се вели во соопштението објавено во средата од страна на производителот.

Одличните финансиски резултати се последица на безмалку удвоеното производство на моделите Range Rover и Range Rover Sport.

“JLR е повторно профитабилен како резултат на поголемата достапност од чипови во последниот квартал, што беше предуслов за зголемување на производството”, изјави Адријан Мaрдел, привремениот извршен директор на Jaguar Land Rover.

Британскиот премиум производител се соочи со повеќе предизвици изминатата година поради недостигот од полупроводници, и е под голем притисок за остварување на својата електрификациска стратегија.

Дополнително, извршниот директор Тиери Болоре, кој безмалку 2 години ја предводеше групацијата, во ноември најави дека се повлекува. Оттогаш него го заменува Мардел, во функција на привремен извршен директор.

Во соопштението од средата JLR објави дека во фабриката Солихул во Велика Британија од 2025 ќе започнат да се произведуваат комплетно електрични модели на Jaguar.

Главниот финансиски директор на индиската компанија Тата Motors (кој е сопственик на Jaguar Land Rover), верува во одлична иднина која му претстови на JLR, но е внимателен, поради непредвидливата ситуација со достапноста на полупроводници.

Севкупно, групацијата Jaguar Land Rover продаде 79,591 возило во третиот квартал од 2022, што е за 15% зголемување споредено со една година претходно.

Добрите финансиски резултати на JLR имаа позитивно влијание врз индискиот гигант Тата Моторс, кој профитабилно ја заврши 2022-та година и планира инвестиција од над два милијарди евра во развој на електрични возила во следните 5 години.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели