Slider

Стории

Jaguar Land Rover со matrix и pixel LED технологија за идеална видливост во зимски услови

Slider

Производителот го истакнува и „a la Jaguar“ дизајнот на предните светла, кој на пример кај освежениот XF се истакнува со тенките LED модули во форма на двојно J, а при отклучувањето на автомобилот, возачот добива и дискретно лајт-шоу кое ја најавува новата авантура зад воланот

05/11/2020

Намалениот ден, зимското сметање на времето и честите појави на дожд и магла се вистински предизвик во однос на видливоста за секој возач.

Jaguar Land Rover има соодветни решенија низ целата своја гама, вклучувајќи ги matrix и pixel LED предните светла, задните LED светла и аниминираните трепкачи.

Британските премиум брендови им гарантираат на возачите максимална грижа за безбедноста во најризичната сезона есен/зима, а уште во сериската опрема на сите модели, вклучувајќи ги и најдостапните Jaguar XE, Jaguar E-Pace, Land Rover Discovery Sport и Range Rover Evoque, се користи LED технологија која ги замени ксенонските светла.

Прва надградба се matrix LED светлата кои на пример кај Range Rover доаѓаат со по 52 диоди, кои го насочуваат светослниот сноп така што покрај одличната видливост, се грижат да не им пречат на возачите кои доаѓаат од спротивна насока.

Следниот чекор е најновата pixel LED технологија, која подразбира 154 диоди, а е достапна во најновите верзии на Jaguar F-Pace, F-Type, E-Pace и XF. Четиирите коцкести модули имаат по три реда диоди, а произведениот сноп е во хоризонтална поставеност.

Автомобилот автоматски може да осветли сообраќаен знак на оддалеченост од 350-400 метри без да им пречи на останатите учесници во сообраќај, а во игра е динамичкото осветлување на свијоците.

Во понудата на JLR, само комбинацијата на pixel и laser LED технологијата овозможува подобри перформанси, видливост и до 500 метри, а таа е достапна кај Range Rover и Range Rover Sport.

Производителот го истакнува и „a la Jaguar“ дизајнот на предните светла, кој на пример кај освежениот XF се истакнува со тенките LED модули во форма на двојно J, а при отклучувањето на автомобилот, возачот добива и дискретно лајт-шоу кое ја најавува новата авантура зад воланот.

Интересен новитет е и „туристичкиот режим“ на осветлување, кој е посебно значаен за британските возачи кои патуваат низ Европа. Предноста на истиот е што автоматски се адаптира од земја во која се вози на десната во земја во која се вози по левата лента, при што светлата не дозволуваат заслепување на возачите од спротивна насока без класично маскирање на дел од светлата.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider