Вести

Jaguar Land Rover во потрага по нов CEO откако Ралф Шпет се повлекува по една деценија

Компанијата која е во сопственост на Tata Motors го назначи Спет на најодговорната функција во 2010 година, а тој на 65-годишна возраст ќе стане неизвршен потпретседател на JLR од септември кога му истекува актуелниот договор

30/01/2020

Jaguar Land Rover ќе добие нов предводник од септември, откако актуелниот CEO, Ралф Шпет, ќе ја напушти функцијата која ја извршуваше точно десет години.

Компанијата која е во сопственост на Tata Motors го назначи Шпет на најодговорната функција во 2010 година, а тој на 65-годишна возраст ќе стане неизвршен потпретседател на JLR од септември кога му истекува актуелниот договор.

Шпет успеа да донесе позитивни промени во работењето на Jaguar и Land Rover, но намалената побарувачка за дизел изведбите и помалата продажба во Кина донесоа намалување на вработените и спречија исполнување на дел од најавените амбиции.

Во неговата ера, Jaguar Land Rover изгради нови фабрики во Словачка, Бразил и Кина, а 2019 година беше комплетирана со 550.000 продадени примероци, па наследникот на Шпет има простор за дополнителен напредок благодарение и на новите модели и изведби чија комерцијализација е најавена за годинава.

Германецот ја започнал својата кариера во авто-индустријата во BMW во 1980 година и таму останува две децении, две години работи во Ford, по што во 2002 година заминува во Linde Group.

Но. во 2007 година се враќа во автомобилската бранша добивајќи нова функција во Ford, а станува предводник на Jaguar Land Rover во февруари 2010 година, кога Ford ги продаде британските брендови на Tata Motors. Во Обединетото Кралство, Шпет ја доби и титулата „Сер“ поради заслугите за автомобилската индустрија.

Претставниците на Tata најавија дека ќе започнат со процесот на одлучување за тоа кој ќе биде наследник на Спет и наредниот период за тоа ќе ја информираат јавноста.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider