Slide 1
Slide 1

Вести

Jaguar со 12 реставрирани примероци одбележува шест децении од претставувањето на E-Type

Slide 1
Slide 1

12/03/2021

Во годината во која се одбележуваат точно шест децении од премиерата на култниот E-Type, Jaguar преку својот Jaguar Classic оддел реши да ги претстави првите реставрирани примероци кои ќе бидат дел од E-Type 60 колекцијата.

Се работи за 12 примерока кои ќе се продаваат во пар, а со нив се оддава почит на првите два примерока претставени на Саемот во Женева, а тоа се „9600 HP“ управуван од Боб Бери и роудстер изведбата „77 RW“ управувана од Норман Дуис, кои тие морале да ги довезат до швајцарскиот град за еден ден бидејќи имало голем интерес за тест возења на новитетот.

Задржани се голем број од оригиналните фабрички спецификации, вклучувајќи го 3.8-литарскиот мотор со шест цилиндри, но додаден е нов систем за палење, како и систем за разладување. Интересно е што класичниот инфо-забавен систем ќе биде надграден со сателитска навигација и Bluetooth поврзување.

Покрај вметнувањето на логото E-Type 60 на повеќе позиции, примероците од оваа колекција ќе добијат и класична свирка со дел позлатен со 24-каратно злато.

Промени се направени и на издувот и трансмисијата за подобри перформанси, a погонската единица испорачува 268 коњски сили на задната оска.

Првите два примерока се дел од колекцијата која ќе биде надополнета, а сите купувачи ќе имаат можност да учествуваат на карванот од Ковентри до Женева, повторувајќи ја рутата која пред 60 години ја минале Бери и Дуис.

Повеќе содржини за Jaguar:

 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање