Slider

Вести

Jaguar со нови стандарди за сегментот: Електричниот XJ во финална фаза на подготовки

Slider

Еволуцијата на дизајнот ќе овозможи поврзаност на новиот XJ со оној кој полека заминува во пензија, а Томпсон потенцира дека автомобилот останува класична лимузина со долг преден дел

06/07/2020

Луксузниот седан Jaguar XJ ќе добие нова генерација, која се наоѓа во финална фаза на подготовки и ќе биде претставена пред крајот на годината.

Она што ќе го направи XJ посебно интересен во премиум сегментот е фактот што големиот седан ќе дебитира со целосно електричен погон и на тој начин ќе стекне предност во однос на германските ривали, нешто слично како и I-Pace кој беше прв ривал на Tesla.

– Новиот XJ ќе биде многу, многу луксузен автомобил, истовремено ќе понуди мирно и спокојно управување, кое сепак нема да значи превисока продажна цена, – изјавил првиот човек на дизајнерскиот тим на Jaguar, Џулијан Томпсон за „Ауто Експрес“.

Еволуцијата на дизајнот ќе овозможи поврзаност на новиот XJ со оној кој полека заминува во пензија, а Томпсон потенцира дека автомобилот останува класична лимузина со долг преден дел.

За разлика од I-Pace, електричниот XJ ќе ја користи новата MLA платформа, која поддржува секаков вид електрифицирана изведба, а автомобилот ќе се произведува во реновираната фабрика во Касл Бромвич.

Засега, Jaguar не објавува технички детали за електричниот погон на XJ, а истовремено не е исклучено дека покрај електричната изведба, луксузниот седан може да добие и изведби со мотори со внатрешно согорување, за што се уште нема потврда.

 

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider