Slide

Новитети

Jaguar со технолошка надградба и побрзо полнење за електричниот I-Pace

Slide

Ако досега во пакетот беше вклучен 7 kW полнач, сега купувачите на I-Pace добиваат 11 kW полнач, со што полнењето на домашна „ѕидна кутија“ се скратува до нешто повеќе од 8 часа за целосно полнење на батеријата (досег од 470 километри)

23/06/2020

Jaguar продолжува да ги подобрува карактеристиките на својот прв електричен модел, а со најновата надградба, I-Pace станува понапреден автомобил во повеќе сегменти.

Со оглед на тоа дека брзината на полнење и автономијата се многу важен фактор во однос на одлуката да се купи електричен автомобил, Jaguar презема конкретни чекори да го приближи луксузниот I-Pace до своите купувачи.

Ако досега во пакетот беше вклучен 7 kW полнач, сега купувачите на I-Pace добиваат 11 kW полнач, со што полнењето на домашна „ѕидна кутија“ се скратува до нешто повеќе од 8 часа за целосно полнење на батеријата (досег од 470 километри). Останува и опцијата за полнење на 100 kW брз полнач, каде се добиваат 125 километри досег за само 15 минути.

Во иднина Jaguar I-Pace ќе биде достапен со систем за јонизација на воздухот во кабината, со филтер кој ќе се грижи за собирање на ситни (2,5 PM) честички. Во кабината ќе биде вметнат и дигиталниот внатрешен ретровизор кој на возачот му го проектира она што го регистрира камерата на задниот дел.

Врвната технологија ќе биде претставена и преку новиот инфо-забавен систем Pivi Pro, кој дебитираше кај новиот Land Rover Defender, а сега ќе ги овозможи напредните функции и кај I-Pace.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година