Slider

Новитети

Jaguar XE доби дизел мотор со MHEV технологија и напреден инфо-забавен систем

Slider

Освежувањето на XE во однос на поголемиот XF е посуптилно во однос на дизајнот и уредувањето на ентериерот, но затоа и најмалиот седан на Jaguar го доби новиот дизел мотор со 48V технологија, како и Pivi Pro инфо-забавниот систем

08/10/2020

Неодамна освежениот Jaguar XE доби нова важна надградба, со што се приклучи на поголем број модели од JLR портфолиото кои веќе располагаат со понапредни содржини.

Освежувањето на XE во однос на поголемиот XF е посуптилно во однос на дизајнот и уредувањето на ентериерот, но затоа и најмалиот седан на Jaguar го доби новиот дизел мотор со 48V технологија, како и Pivi Pro инфо-забавниот систем.

Најновото технолошко решение во однос на голем број функции поврзани со автомобилот и мулти-медиските опции подразбира нова генерација на инфо-забавниот систем кој е познат како Pivi, а поддржува и онлајн софтверско надградување.

Информациите на централната конзола се прикажани на комбинација на централен 10-инчен екран и уште 5,5-инчен екран под него, а возачот пред себе добива 12,3-инчна дигитална инструмент табла.

Купувачите ќе бидат задоволни и поради дизел изведбата со 204 коњски сили, која функционира како благ хибрид и на тој начин не само што е помоќна од моторот кој го заменува, туку е и поекономична и со помала Co2 емисија.

Jaguar XE ќе биде достапен и со бензинските изведби со 250 и 300 коњски сили, а сите мотори се поврзани со осум-степена трансмисија и достапни и со погон на четири тркала (бензинецот со 300 кс е достапен само со AWD погон).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider