Slider

Вести

Јануари донесе поголем увоз, но доминираат користените автомобили

Slider

18/02/2021

Првиот месец во новата 2021 година донесе поголем увоз на автомобили, но најголем дел од нив биле употребувани.

Официјалната статистика на Царинската управа открива дека во јануари се увезени 2.224 автомобили, од кои само 364 биле нови.

Вкупниот број е зголемен во однос на 2020 година (2.224 наспроти 1.813 во јануари 2020 година), но истовремено е намален увозот на нови автомобили (364 наспроти 404).

Во јануари се увезени 166 товарни возила, од кои само 55 биле нови, додека во нашата земја има и 17 увезени автобуси, од кои 5 се нови.

Намалувањето од околу 10 проценти кај патничките автомобили не мора да биде посебен знак во однос на тоа што може да се очекува во текот на 2021 година, па останува да се следат трендовите наредните месеци.

Искуствата од минатата година покажуваат дека имало скок на увозот во февруари, но мора да се напомене дека тоа беше период пред големите компликации и затворања кои ги предизвика пандемијата.

Во целата 2020 година беа увезени 32.278 патнички автомобили, од кои 5.172 беа нови.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider