Skip to content

Стории

J.D. Power 2020: Lexus ES постави апсолутен рекорд, Genesis дебитираше со триумф меѓу брендовите

Lexus ES со оценка ПП52 поставил нов апсолутен рекорд за најмалку утврдени проблеми од страна на сопствениците во 31-годишната историја на ова истражување на J.D. Power

13/02/2020

Угледната консултантска агенција J.D. Power ги претстави резултатите од своето традиционално истражување меѓу купувачите, односно возачите во Соединетите Американски Држави со автомобили не постари од 3 години.

Во истражувањето, сопствениците на сите брендови ги откриваат евентуалните замерки, проблеми и недостатоци на автомобилите со кои управуваат, па помалиот просек на проблеми на секои 100 примероци го формира и конечниот резултат.

Победник за 2020 година е дебитантот Genesis, премиум брендот на корејскиот гигант Hyundai Motor, кој со своите први модели дебитираше на американскиот пазар во 2016 година, па сега доби можност да биде дел и од ова истражување во кое неговите купувачи во просек имале најмалку забелешки за седаните со кои управуваат.

Genesis на своето деби го освои првото место со резултат 89/100, оставајќи го зад себе Lexus кој стигна до резултат ПП100, по што следуваат Buick ПП103, Porsche ПП104 и Toyota ПП113.

Со својот модел G80, Genesis го доби и индивидуалното признание за најдобар премиум автомобил од високата средна класа, а карактеристично е што ниту еден бренд не успеа да победи во две различни категории.

Она што го истакнуваат авторите на ова истражување е дека просечната оценка е подобрена од 136 на 134, Nissan Leaf е првиот електричен автомобил кој победил во оваа категорија, а Lexus ES со оценка ПП52 поставил нов апсолутен рекорд за најмалку утврдени проблеми од страна на сопствениците во 31-годишната историја на ова истражување на J.D. Power.

Најголемиот број проблеми кои се детектирани се поврзани со категоријата аудио/комуникации/забава/навигација, при што возачите се најиритирани од проблемите со навигациските системи, Bluetooth поврзувањето и гласовните команди.

Поединечни победници се Honda Fit/Jazz (мали), BMW 2 Series (мали премиум), Nissan Leaf (компакти), Mazda MX-5 (спортски компакти), Lexus ES (премиум компакт), Buick Regal (Средна класа), Ford Mustang (спортска средна класа) и Toyota Avalon (големи автомобили).

Победник меѓу брендовите за 2020 година е дебитантот Genesis, премиум брендот на корејскиот гигант Hyundai Motor, кој со своите први модели дебитираше на американскиот пазар во 2016 година

Топ 20 брендови според бројот на пријавени проблеми на секои 100 автомобили

1 Genesis 89
2 Lexus 100
3 Buick 103
4 Porsche 104
5 Toyota 113
6 Volkswagen 116
7 Lincoln 119
8 BMW 123
8 Chevrolet 123
10 Ford 126
11 Mazda 130
12 Cadillac 131
13 Hyundai 132
13 Kia 132
15 Просек 134
16 Audi 136
16 Nissan 136
18 Acura 139
18 Honda 139
20 Ram 140

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend