Slide

Стории

Јeep Avenger, сепак, на некои европски пазари ќе се нуди и со бензински и хибридни изведби

Slide

Avenger ќе започне да се продава на пролет, по што во 2024 година ќе биде лансирана и негова варијанта под знакот на Alfa Romeo, која најверојатно ќе се вика Brennero.

17/10/2022

Avenger e првиот комплетно електричен модел на брендот, но на некои европски пазари, сепак, ќе се нуди и со мотори со внатрешно согорување.

Моделот Jeep Avenger треба да му помогне на реномираниот офроуд бренд да ги удвои продажбите во Европа, односно да ги покачи на 300,000 продадени возила годишно.

Покрај Renegade, Avenger ќе биде вториот примерок на Jeep во сегментот на мали SUV возила, кој е воедно најголем пазарен сегмент во Европа.

Минатата година Jeep продаде 128,968 примероци од своите возила во Европа. Овие бројки се нешто послаби споредено со оние пред пандемијата и кризата со недостиг на полупроводници. За споредба во 2018 година во Европа биле продадени 168,652 примероци од гамата на Jeep.

Во изминатите неколку години Италија е доминантен пазар за Jeep, каде брендот ги остварува половина од продажбите на континентот. “Имавме многу предизвици со усогласување на погонските изведби на соодветните пазари, па пропуштивме дел од моментумот кој го заслужуваме”, изјави Кристијан Муние, извршниот директот на Jeep.

Муние одржа говор за време на настан минатата седмица во фабриката во Тиши, Полска, каде ќе се произведува моделот Avenger. Во истата фабрика се произведуваат модели на сестринските брендови Alfa Romeo и Fiat.

Avenger ќе започне да се продава на пролет, по што во 2024 година ќе биде лансирана и негова варијанта под знакот на Alfa Romeo, која најверојатно ќе се вика Brennero.

Avenger ќе биде поставен на втората генерација на eCMP платформата на Stellantis која е основа за моделите како e-208, Opel Mokka и Citroën e-C4.

Се очекува Италија да биде најголем пазар за моделот, а секако тука се Германија, Франција и Велика Британијиа.

Jeep планира во Италија и Шпанија да продава изведба со 1.2-литарски мотор со внатрешно согорување, поради послабата електрична инфраструктура во овие две земји. Планирана е и плаг-ин хибридна изведба.

Комплетно електричната изведба на Avenger ќе се бори за клиенти со конкурентските Hyundai Kona и Opel Mokka-e.

Според најавите од претставниците на брендот, финансираните понуди на Avenger ќе започнат од 249 евра месечно, со пресметани локални субвенции.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа