Slide

Вести

Jeep Compass и Renegade го предводат новиот плаг-ин хибрид бран во Италија

Slide

02/10/2020

Плаг-ин хибрид изведбите на Renegade и Compass веќе почнаа да ги потврдуваат очекувањата дека ќе бидат сериозно освежување во гамата на Jeep, а ознаката 4xe полека почнува да се наметнува како сигурен избор за новите фанови на изведбите со електрифициран погон.

Производството во Мелфи (Италија), овозможува помал период за достава до купувачите низ Европа, а плаг-ин хибридниот погон на Renegade и Compass e гаранција за корисничко задоволство и можност за економично управување преку користење на капацитетот на батеријата.

Пробивањето на европските пазари нема да биде едноставно, но Италија како еден од најважните територии за освојување уште во септември испрати позитивен сигнал за Jeep и 4xe изведбите.

Субвенциите и зголемувањето на понудата ги привлекоа купувачите во Италија, па во септември продажбата на плаг-ин хибридите е зголемена за 268 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Во деветтиот месец од годината, Compass 4xe (304) е бестселер меѓу плаг-ин хибридите, кои стигнаа до рекордна продаваност на „чизмата“, a веднаш зад него е помалиот брат Renegade 4xe (251), по што следуваат Volvo XC40 (218) и Mercedes A-Class (178).

Топ 10 плаг-ин хибрид според продажба во Италија
Септември 2020

1. Jeep Compass 304
2. Jeep Renegade 251
3. Volvo XC40 218
4. Mercedes A-Class 178
5. Audi Q5 152
6. Citroen C5 Aircross 150
7. Renault Captur 144
8. Mini Countryman 130
9. Mercedes GLA 117
10. Peugeot 3008 113

Инаку, во целосната продажба на нови автомобили во Италија, Fiat Panda останува на првото место (75.059), а истовремено е најпродаван модел и меѓу сите хибриди.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба