Slide

Вести

Jeep е подготвен за лансирање на својата електрична гама во Европа

Slide

Во следните неколку години Jeep ќе нуди само хибридни изведби, сѐ додека Stellantis не биде подготвена за комплетна транзиција кон исклучиво електрични изведби во 2030 година.

14/06/2022

Комплетно електричната гама ќе започне да пристигнува во Европа годинава, но сѐ уште не е јасно кога истото би се случило и во САД.

Електрифицираната гама на Jeep и во моментов може да оствари електрично офроуд возење преку плаг-ин хибридните модели. Но, овие хибриди можат да поминат само лимитирани растојанија користејќи ја само електричната енергија складирана во нивните батерии.

Моделот Grand Cherokee 4xe може да помине околу 40км во електричен погон, додека плаг-ин хибрид изведбата на Wrangler може да помине околу 35км.

Но, оттука продолжуваат електричните изведби, кои може да поминат многу поголеми растојанија.

Ерата на комплетно електрични возила брзо пристигнува и во Jeep, Наскоро комплентно електрична гама ќе пристигне во Европа. 

Кристијан Муниер, извршниот директор на Jeep, вели дека до крајот на годинава производителот планира да престане со продажба на возила со мотори со внатрешно согорување на најголемиот дел од европските пазари. Тоа значи дека во следните неколку години Jeep ќе нуди само хибридни изведби, сѐ додека Stellantis не биде подготвена за комплетна транзиција кон исклучиво електрични изведби во 2030 година.

Овој процес се одвива нешто поспоро во САД, но значителен напредок се очекува веќе од следната година. Владата на САД намени милијарди долари за инсталирање на нови 500,000 станици за брзо полнење низ целата земја.

Но, овие активности, иако решаваат значаен проблем во однос на електрификацијата, истовремено покренуваат нови прашања. Имено, токму Муниер изрази загриженост за оптоварувањето на електричната мрежа преку инсталирање на голем број на станици за брзо полнење.

Целта на групацијата Stellantis е половина од продажбите во Северна Америка до крајот на декадава да се однесуваат на комплетно електрични изведби.

“Електрификацијата на Jeep се одвива со рапидно темпо, при што нула емисија на штетни гасови е нашиот принцип кој нѐ води низ овој процес”, додава Муниер.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година