Slide 1
Slide 1

Вести

Jeep, RAM и Fiat ќе лансираат (RED) едиции како дел од партнерството во борба против пандемиите

Slide 1
Slide 1

Освен електричната Fiat 500 изведба, и останатите модели на Fiat ќе добијат специјална (RED) изведба, а беше најавен електричен скутер креиран од Mopar.

23/09/2021

Производителите Jeep, Fiat и RAM воспоставија соработка со фондацијата (RED), која вклучува лансирање на специјални (RED) изведби од нивните модели. Целта на оваа соработка е во следните три години да се соберат повеќе од 4 милиони долари кои ќе се донираат на Глобалниот Фонд.

“Партнерството со Fiat, Jeep и Ram е голема поддршка во борбата на (RED) против пандемиите. Тешко е да се верува дека по 15 години од основањето на RED се соочуваме со уште еден нов вирус, но важно е да се потенцира дека и вирусот ХИВ сè уште е активен и во време на Ковид-19 пандемијата” – изјави Боно, коосновач на (RED) фондацијата. “Помалку од 5% од жителите на Африка се целосно вакцинирани, за разлика од Европа и САД каде вакцините ги има во изобилство. Мора да преземеме низа активности и побрзо да обезбедиме вакцини за стотици милиони луѓе на кои во моментов тие не им се достапни” – додава Боно.

“Како први автомобилски брендови кои воспоставуваат соработка со (RED), нашата цел е да иницираме активности во борбата против глобалните здравствени предизвици, вклучувајќи ја и Ковид-19 пандемијата” – изјави Оливие Франкоа, главен маркетинг менаџер на групацијата Stellantis во која припаѓаат трите автомобилски бренда. “Целта e преку маркетинг активностите да се зголеми влијанието и свеста за партнерството, што ќе ни овозможи да креираме дополнителни 4 милиони долари и да ги насочиме кон многу важна цел.

1920-14_New Fiat 500 (RED)
1920-01_New Fiat 500 (RED)
1920-02_New Fiat 500 (RED)
1920-03_New Fiat 500 (RED)
1920-12_New Fiat 500 (RED)
1920-15_New Fiat 500 (RED)
1920-23_New Fiat 500 (RED)
1920-25_New Fiat 500 (RED)

1920-14_New Fiat 500 (RED)
1920-01_New Fiat 500 (RED)
1920-02_New Fiat 500 (RED)
1920-03_New Fiat 500 (RED)
1920-12_New Fiat 500 (RED)
1920-15_New Fiat 500 (RED)
1920-23_New Fiat 500 (RED)
1920-25_New Fiat 500 (RED)
previous arrow
next arrow

“Ова е 15-та година од основањето на (RED) и многу сме горди на лансирањето на повеќегодишното партнерство. Глобалниот обем и креативната енергија со која проектот ќе придонесе за борба против Ковид-19 и ХИВ вирусот, е токму она што ни треба за да го спречиме нивното ужасно влијание врз милиони луѓе на планетава. Ние сме многу благодарни на тимовите кои напорно работеа за да се резлизира овој проект” – изјави Главниот оперативен директор на (RED), Џенифер Лотито.

Како дел од соработката, ќе биде лансирана електрична изведба на Fiat 500, која ќе биде достапна само за купувачите во Европа. Изведбата беше претставена вчера во Торино. 

Освен електричната Fiat 500 изведба, и останатите модели на Fiat ќе добијат специјална (RED) изведба, а беше најавен и (RED) електричен скутер креиран од Mopar.

Во првата половина на следната година ќе биде лансирана и специјална (RED) изведбa на Jeep Compass, по што ќе следи и специјалната изведба на Jeep Renegade. Во втората половина на следната година, овие изведби ќе бидат достапни и за купвачите во Европа.

(RED) е фондација основана во 2006 година од страна на лидерот на бендот U2, Боно, заедно со активистот Боби Шривер. Целта на фондацијата е вклучување на големите мултинационални компании во борбата против ХИВ вирусот. Денес, овие активности се насочени и кон сузбивање на разорувачкиот импакт на Ковид-19 врз најранливите групи. 

(RED) соработува со најголемите брендови во светот, со цел лансирање на специјални (RED) едиции на нивните производи, чија цел е да се соберат средства за Глобалниот Фонд. Листата на партнери вклучува компании како Amazon, Apple, Louis Vuitton, Starbucks и многу други.

Досега (RED) има собрано безмалку 700 милиони долари со кои успеале да им помогнат на 220 милони луѓе. Средствата собрани преку партнерите на (RED) се директно наменети за зајакнување на здравствените системи и поддршка на заедниците каде пандемиите имаат најголем удар.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање