Skip to content

Вести

Jeep ги најави деталите поврзани со плаг-ин изведбата на Renegade

Renegade PHEV на предната оска ќе добие бензински мотор со 180 коњски сили и 6-степена автоматска трансмисија, а погонот на двете оски ќе овозможи и подобра распределба на вртежите, па и подобри оф-роуд карактеристики

16/12/2019

Најавената електрификација во портфолиото на Jeep започнува со плаг-ин хибрид изведбите на Renegade и Compass, кои ќе бидат достапни веќе во 2020 година.

Марко Пигоци како претставник на Jeep ги потврдил сличностите и разликите на класичниот Renegade со неговата нова PHEV изведба, при што најважната разлика секако е електро-моторот од 100 kW, кој ќе биде поставен на задната оска.

Renegade PHEV на предната оска ќе добие бензински мотор со 180 коњски сили и 6-степена автоматска трансмисија, а погонот на двете оски ќе овозможи и подобра распределба на вртежите, па и подобри оф-роуд карактеристики.

Со вкупните 240 коњски сили во AWD функција, Jeep Renegade PHEV стигнува до 100 км/ч за само 7 секунди.

Интересно е што плаг-ин изведбата ќе биде само 120 килограми потешка, а со батеријата со која ќе располага, достапни ќе бидат 50 километри на електричен погон.

Пигоци појаснува дека најважно за одговорните во Jeep било да не се загуби ни милиметар од просторот во кабината, нешто во што успеале, а мало намалување има на резервоарот за гориво и 15 литри од багажникот.

По почетокот на производството и продажбата на Renegade PHEV, на пазарот ќе пристигне и Compass PHEV, а двата модела, Jeep ќе ги произведува во фабриката во Мелфи, Италија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend