Slide 1
Slide 1

Новитети

Jeep ги врати на сцената Wagoneer и Grand Wagoneer

Slide 1
Slide 1

12/03/2021

Американскиот гигант Jeep уште одамна потврди дека планира да го врати моделот Wagoneer на автомобилската сцена, а концептот кој беше претставен најавуваше дека производителот веќе го има конечниот проект за моделот кој ќе влезе во сериско производство.

Од денеска, понудата на Jeep е збогатена за Wagoneer и Grand Wagoneer, кои имаат иста основа, седум седишта и сличен изглед, но ќе имаат различни амбиции.

Додека Wagoneer ќе се бори со ривалите на мас брендовите, Grand Wagoneer доаѓа со повеќе премиум елементи и атрибути и помоќен мотор, а амбициите се да им одземе купувачи на брендови како Lincoln, Cadillac и Lexus.

Традицијата и препознатливите елементи имале важна улога во формирањето на дизајнот на екстериерот и ентериерот на двете изведби, па покрај надворешниот изглед кој потсетува на класичен Jeep, во кабината се задржани ретро моменти, како и детали изработени од дрво.

Wagoneer ќе располага со 10,3, додека Grand Wagoneer со 12,3-инчна дигитална инструмент табла, двете изведби добиваат централен екран со најновата, петта генерација на инфо-забавниот систем Uconnect, додека кај поскапиот Grand W. се добива екран и пред совозачкото седиште.

Jeep Wagoneer добива 5.7-литарски V8 мотор со 392 коњски сили и 548 Nm, a покрај осум-степенат трансмисија, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу три вида на погонот на сите тркала.

Од друга страна, Grand Wagoneer оди подалеку во однос на перформансите, со помош на 6.4-литарскиот мотор со V8 конфигурација, кој ослободува 471 кс и 617 Nm и е поврзан со 8-степена трансмисија и Quadra-Trac 2 погон на сите тркала.

Највисокото ниво на опременост кај Wagoneer и сите верзии на Grand Wagoneer добиваат и McIntosh аудио-систем, кој дебитираше кај Grand Cherokee.

Повеќе содржини за Jeep:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“