Slider

Вести

Jeep Gladiator е избран за пик-ап на годината во Северна Америка

Slider

Jeep Gladiator победи во престижната конкуренција на пик-апи, каде собрал повеќе од гласови од Ram Heavy и Ford Ranger

14/01/2020

Изборот за автомобил на годината во Северна Америка вообичаено се поклопуваше со одржувањето на Саемот во Детроит, но неговото префрлување во летниот период не го промени периодот за објавување на добитникот на престижното признание.

Американските новинари решија да го доделат признанието за 2020 година на Chevrolet Corvette, атрактивниот спортски модел кој третпат во својата историја стигнува до овој примат, a претходно тоа му успеа во 2014 и 1998 година. Преостанатите две главни награди завршија кај Jeep Gladiator и Kia Telluride.

Зад Corvette Stingray C8 останале Hyundai Sonata и Toyota GR Supra, a новитетот на Chevrolet успеа да прекине постот за американските производители, откако претходните две години за северноамерикански автомобил на годината беа прогласени Genesis G70 и Honda Accord.

За кросовер на годината е избран Kia Telluride кој го освоил првото место пред Hyundai Paliside и Lincoln Aviator, додека Jeep Gladiator победи во престижната конкуренција на пик-апи, каде собрал повеќе од гласови од Ram Heavy и Ford Ranger.

50 новинари од САД и Канада учествуваат во доделувањето на наградите кое стигна до своето 26. издание, а во Jeep не го кријат задоволството од успехот кој го постигна дебитантот Gladiator.

– Не само што е најспособен пик-ап во својата класа, туку сега е избран и за пик-ап камионет на годината во Северна Америка. Оваа чест е порака за нашите купувачи кои го бараат само најдоброто, а Gladiator го испорачува тоа со 4×4 капацитетот и функционалноста кои се очекувани од модел на Jeep, – вели Џим Морисон, првиот човек на Jeep во Северна Америка.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider