Slider

Новитети

Jeep го надгради популарниот Compass, производството за Европа се сели во Италија

Slider

Важен новитет во понудата на Jeep Compass е новиот 1.3-литарски бензински мотор, кој ќе биде достапен со 130 и 150 коњски сили, двете варијанти се со погон на предни тркала, а помоќната изведба ќе биде прва искористена во Compass, во која трансмисијата со двојна спојка е поврзана со погон на предната оска

15/05/2020

Моделот Compass стана миленик на европските купувачи, а Jeep сега направи нова надградба на својот компктен SUV, кој наредниот период може да се порача во освежено издание.

Производството на Compass за европските купувачи отсега ќе биде во фабриката во Мелфи, Италија (досега примероците за европските купувачи се произведуваа во Мексико), што истовремено значи и побрза испорака на примероците на целиот континент, вклучувајќи ги и оние возачи кои ќе се одлучат за плаг-ин хибрид изведбата со наставка 4xe.

Освежениот Compass ќе добие технолошка надградба, вклучувајќи ги и Uconnect услугите кои се вклучени во сериската опрема и ќе може да се користат преку 7 или 8,4-инчниот екран на централната конзола.

Поделени се во повеќе пакети, како My Assistant, My Car, My Navigation и My Remote, што подразбира не само следење на состојбата на автомобилот, туку и опции за итни услуги при несреќи, како и контролирање на автомобилот, односно заклучување/отклучување, пронаоѓање на локацијата, вклучување на светлата и друго.

Full screenExit full screen

Slider

Важен новитет во понудата на Jeep Compass е новиот 1.3-литарски бензински мотор, кој ќе биде достапен со 130 и 150 коњски сили, двете варијанти се со погон на предни тркала, а помоќната изведба ќе биде прва искористена во Compass, во која трансмисијата со двојна спојка е поврзана со погон на предната оска.

Jeep ветува многу подобри бројки во однос на потрошувачката со овој мотор со четири цилиндри, а со ваков избор, возачите првпат ќе го добијат и спортскиот режим на возење во овој SUV. За понудата да биде целосна ќе се погрижи 1.6-литарскиот MultiJet дизел мотор со 120 коњски сили и вртежен момент од 320 Nm.

Производителот потенцира дека освежениот Compass е подобрен и во однос на системот за управување и суспензијата, а на купувачите ќе им бидат достапни и пет нови бои и шест дизајни на тркалата.

Повеќе содржини за Jeep

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider