Slide

Новитети

Jeep го најави освежениот Compass со специјалната „80th Anniversary“ серија

Slide

28/01/2021

Приказната на Jeep започнува во 1941 со легендарниот Willys MB, а низ децениите брендот си обезбеди посебно место во автомобилската индустрија, истакнувајќи ја својата специфична ДНК, чии главни карактеристики се оф-роуд потенцијалот, комфорот и функционалноста.

Jeep уште минатата година ги лансираше плаг-ин хибрид изведбите на Renegade, Compass и Wrangler како дел од одбележувањето на јубилејот, а годинава на купувачите ќе им бидат достапни примероци од специјалната серија „80th Anniversary“.

Денеска, Jeep го најави и освежениот Compass за европските пазари, а тој првично ќе биде претставен токму со специјалната изведба, по што во текот на годината ќе пристигнат и примероците со класичните нивоа на опременост.

Од она што може да се забележи ревизијата на дизајнот на Compass, тука е редизајнираната маска со препознатливите седум отвори, а овој SUV добива и нова форма на светлата и браниците.

Во кабината Jeep Compass добива пософистициран изглед, 10,1-инчен екран со најновата петта генерација на Uconnect инфо-забавниот систем, додека не се очекуваат промени во однос на понудените мотори, како и хибридниот погон на 4xe.

Специјалните „80th Anniversary“ изведби ќе бидат достапни и кај Renegade, Wrangler и Gladiator, а прв во продажните салони ќе пристигне најмалиот модел од гамата на Jeep.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година