Slider

Вести

Jeep го посвети „4×4 денот“ на најспособните „Trail Rated“ изведби

Slider

Денот „4x4“ од страна на Jeep е претворен во славење на брендот, но и на менталната и физичката слобода при оф-роуд возењето, кое неговите модели го овозможуваат долго низ историјата

04/04/2020

Петта година по ред, американскиот бренд Jeep го одбележува 4. април како „4×4 ден“, а овојпат тој е посветен на „Trail Rated“ сертификацијата која ги истакнува најспособните теренски возила во портфолиото на производителот.

Секој Jeep примерок кој сака да го добие „Trail Rated“ сертификатот треба да ги потврди своите способности во пет категории и тоа тракција, пробивање низ вода, артикулација, можност за маневрирање и клиренс (одвоеност од подлогата).

„4×4 денот“ од страна на Jeep е претворен во славење на брендот, но и на менталната и физичката слобода при оф-роуд возењето, кое неговите модели го овозможуваат долго низ историјата.

Не само што на светот му ја подари богатата традиција на теренски возила, Jeep изминатите осум децении постојано ги надградуваше своите автомобили со иновации и дополнителни можности, со што стана заштитен знак за сите возачи со авантуристички дух и желба што почесто и подолго да го напуштаат асфалтот.

Full screenExit full screen

Slider

„Trail Rated“ не е само обичен беџ, туку однапред утврдена методологија, по којa Jeep примероците од целиот свет исполнуваат специфичен стандард за докажана способност за оф-роуд возење. Тестирањето започнува во одделот за истражување и развој на Jeep, продолжува на ниски температури во Северен Мичиген и завршува на легендарната карпеста патека Rubicon Trail.

Инженерите на Jeep постојано ги унапредуваат оф-роуд квалитетите, а доказ за тоа е и фактот што неодамна претставените плаг-ин хибрид изведби Renegade 4xe и Compass 4xe во First Edition и Trailhawk нивоата ќе го носат респектираниот „Trail Rated“ беџ.

Денешниот „4×4 ден“ не може да се одбележи соодветно со некоја нова авантура, но Jeep ги мотивира своите фанови да останат дома и да ги споделуваат своите позитивни мисли и идеи на социјалните мрежи, користејќи ги хаштазите #4x4Day и #stayofftheroad.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider