Slider

Вести

Jeep го претстави концептот Grand Wagoneer како најава за враќање на легендарниот модел

Slider

Сите екрани го користат напредниот Uconnect 5 инфо-забавен систем, кој според Jeep е пет пати побрз од актуелниот Uconnect од четвртата генерација

03/09/2020

Името Wagoneer е цврсто поврзано со успешната историја на Jeep, па одлуката за негово враќање во гамата посебно ги израдува фановите на северноамериканскиот континент, познати по традиционалната поврзаност со луксузните големи теренци.

Денеска, Jeep го претстави концептот Grand Wagoneer, најавувајќи дека официјалната премиера ќе се случи наредната година, но со оглед на она што може да се види, не треба да очекуваме драстични промени во изгледот на верзијата за сериско производство.

Последниот Wagoneer се произведуваше до 1991 година, а три децении подоцна купувачите добиваат уште една алтернатива во најпопуларниот сегмент.

На предниот дел е присутна препознатливата Jeep маска поделена на седум слотови, а над нив хоризонтална LED лента која ја опфаќа целосната широчина на автомобилот.

Дигитализацијата кај Wagoneer значи дури седум достапни екрани во кабината, од кои возачот располага со 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 12,1-инчен централен екран и уште еден екран под него за дел од функциите, а совозачот за себе добива 10,3-инчен екран. Концептот е заокружен со достапни екрани и зад предните седишта, кои ќе ги анимираат патниците на задната клупа и еден екран во вид на таблет на средина.

Сите екрани го користат напредниот Uconnect 5 инфо-забавен систем, кој според Jeep е пет пати побрз од актуелниот Uconnect од четвртата генерација.

Американскиот бренд задржа дел од деталите за премиерата, но се очекува да има Wagoneer и Grand Wagoneer изведби со моќни погонски единици и плаг-ин хибрид изведба.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider