Slider

Новитети

Jeep го претстави Wrangler Rubicon 392, најжестоката изведба на легендарниот теренец

Slider

Незапирливиот Wrangler Rubicon 392 под поклопецот гордо ќе го носи 6,4-литарскиот атмосферски агрегат кој испорачува 470 коњски сили, а вртежите ќе бидат дистрибуирани до двете оски преку 8-степена автоматска трансмисија

18/11/2020

Американскиот пазар останува совршен за моќни теренски возила, а тоа го покажува и новиот адут на Jeep, моделот Wrangler Rubicon 392, кој за првпат носи го комбинира легендарниот модел со V8 мотор.

Незапирливиот Wrangler Rubicon 392 под поклопецот гордо ќе го носи 6,4-литарскиот атмосферски агрегат кој испорачува 470 коњски сили, а вртежите ќе бидат дистрибуирани до двете оски преку 8-степена автоматска трансмисија.

Системот за деактивирање на цилиндри овозможува и поголема економичност, бидејќи при движење на делница како автопат, на овој Wrangler му се доволни и четири цилиндри.

Jeep го истакнува фактот дека ова е најбрзиот Wrangler во историјата, а оф-роуд ентузијастите ќе бидат задоволни од аголот на пристапување од 44,5 степени, клиренсот од 26 сантиметри, како и можноста за минување водена површина длабока до 82 сантиметри.

Она што мора да се потенцира е дека Wrangler Rubicon 392 добил и специјална ревизија на шасијата, напредна суспензија подготвена за најекстремните предизвици, двостепен редуктор, заклучување на диференцијал, а тука е и специјалниот систем за дистрибуција на воздух за ладење до моторот кој ја овозможува потребната количина без разлика на тоа дали автомобилот минува низ вода, снег и слично.

Во сериската опрема на Wrangler Rubicon 392 се вклучени 33-инчни тркала, во неговиот ентериер ќе биде вметнат 8,4-инчен екран со најновиот Uconnect инфо-забавен систем, а Mopar стои на располагање за дополнителна надградба и персонализација на жестокиот теренец.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider