Slider

Вести

Jeep ја искористи инспиративната нарација на Карл Сejган за промоција на Wrangler 4xe (Видео)

Slider

Jeep најави дека ќе донира средства за секој преглед на промотивното видео за Wrangler 4xe на својот YoyTube канал, а истите ќе завршат во организации кои се борат против климатските промени

17/09/2020

Jeep реши да го одбележи почетокот на продажбата на првата плаг-ин хибрид изведба на легендарниот Wrangler со видео порака во која е вклучен и легендарниот научник Карл Сејган.

Американскиот бренд го промовира Wrangler 4xe во соработка со Ен Драјан, продуцентка која му беше и сопруга на Сејган до неговата смрт во 1996 година, а неговиот поглед на светот е искористен како моќна порака во борбата за спречување на климатските промени.

Jeep најави дека ќе донира средства за секој преглед на промотивното видео за Wrangler 4xe на својот YoyTube канал, а истите ќе завршат во организации кои се борат против климатските промени.

Тоа било и пресудно Драјан да дозволи користење на легендарната нарација на Сејган на видеото познато како „Бледа сина точка“, инспирирано од една фотографија, која е основа и на истоимената книга на Сејган.

Токму на инсистирање на Сејган, НАСА ја направи легендарната фотографија на планетата Земја која американскиот научник и истражувач ја нарече „бледа сина точка“, а е направена на оддалеченост од околу 6 милијарди километри од нашата планета.

– Jeep е во фаза на електрификација на својата гама, па чувствуваме посебно голема одговорност да ги претставиме нашите модели на вистински начин, бидејќи не се работи за обична техничка надградба. Ова е ново поглавје за нашиот бренд.

– Основата на нашата ДНК е истражување, авантура и слобода, па нашите купувачи веќе имаат цврста поврзаност со природата и нашата планета, – вели Оливие Франсоа, Извршен маркетинг директор во FCA.

Фановите на Jeep и на автомобилите воопшто ги знаат традиционалните вредности на Wrangler, модел кој останува меѓу водечките во однос на оф-роуд карактерот, а 4xe изведбата располага со 375 коњски сили и досег на електрична енергија до 40 километри.

Претходно, Jeep ги претстави 4xe изведбите и на подостапните модели, Renegade и Compass.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider