Новитети

Jeep ја отвори продажбата на плаг-ин хибрид изведбите на Renegade и Compass

Електрифицираните изведби на Renegade и Compass ги задржуваат своите препознатливи карактеристики и оф-роуд способности, а притоа со PHEV погонот ќе овозможат и електрична автономија од 50 километри

23/01/2020

Плаг-ин хибрид изведбите на Jeep Renegade и Compass ќе ја носат ознаката 4xe, a производителот веќе ја најави и First Edition изведбата која e отворена за порачки, а за неколку месеци ќе им биде достапна на првите европски купувачи.

Електрифицираните изведби на Renegade и Compass ги задржуваат своите препознатливи карактеристики и оф-роуд способности, а притоа со PHEV погонот ќе овозможат и електрична автономија од 50 километри.

Купувачите на одреден број европски пазари веќе може да си порачаат свој First Edition примерок на Renegade 4xe или Compass 4xe, a покрај технолошкиот напредок кој ги комбинира квалитетите на хибридно возило со 4×4 авантури, Jeep најавува и врвно опремени автомобили кои ќе ги исполнат сите очекувања на купувачите.

Покрај 4xe ознаките, двата автомобила ќе добијат 17 или 19-инчни тркала, 8,4-инчен екран со навигација, 7-инчна дигитална инструмент табла, голем број безбедносни системи и кабли за полнење на батеријата.  Jeep First Edition 5-годишната гаранција за автомобилите е надополнета со 8-годишна гаранција за батеријата, a првите купувачи ќе може да бираат меѓу Urban или Off-Road конфигурациите.

Овие изведби на Renegade и Compass ќе располагаат со 1.3-литарски бензински мотор и електро мотор со вкупна моќност од респектабилни 240 коњски сили, просечната Co2 емисија е спуштена под 50 проценти, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч е најавено за околу седум секунди.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider