Skip to content

Вести

Jeep ќе ја користи ознаката 4xe за своите плаг-ин хибрид изведби

FCA ќе претстави три плаг-ин хибрид изведби на Jeep, поточно PHEV варијации на Renegade, Compass и Wrangler, а официјално е донесена одлука тие изведби да ја носат ознаката 4xe

03/01/2020

Автомобилските производители ги привршуваат подготовките за претстојното издание на CES во Лас Вегас, а групацијата Fiat-Chrysler ги дефинираше најважните елементи кои ќе бидат дел од нејзиното претставување на Саемот за потрошувачка електроника.

FCA ќе претстави три плаг-ин хибрид изведби на Jeep, поточно PHEV варијации на Renegade, Compass и Wrangler, а официјално е донесена одлука тие изведби да ја носат ознаката 4xe, која во иднина ќе означува ваков вид електрифициран погон кај моделите на американскиот бренд.

Планот на Jeep е да има електрифицирана изведба од сите модели во 2022 година, а сите 4xe изведби дополнително ќе ги подобрат перформансите, но и оф-роуд карактеристиките на моделите на овој производител. Повеќе детали ќе дознаеме на Саемот во Женева, а досега е јасно е дека Renegade и Compass PHEV ќе располагаат со моќност од 240 коњски сили.

FCA го најави и концептот Fiat Centoventi, како и Airflow Vision концептот на Chrysler, кој ќе биде најава за правецот во кој ќе се движи дизајнот на американскиот производител.

Uconnect инфо-забавниот систем на FCA постојано еволуира, а неговиот голем напредок и последните иновации кои ги добиваат најновите модели на групацијата ќе бидат потенцирани за време на CES 2020, настанот кој изминативе години доби сериозно внимание и од автомобилската индустрија.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend