Slide

Вести

Jeep годинава ќе лансира нов модел кој ќе се вика Junior Jeep, а ќе има и комплетно електрична изведба 

Slide

Според извори во индустријата, електричниот Jeep ќе се произведува во Полска, а ќе биде поставен на адаптираната E-CMP платформа развиена од поранешната PSA Group.

07/03/2022

Jeep планира лансирање на првиот комплетно електричен модел во 2023 година, додека изведбите со мотори со внатрешно согорување од истиот модел ќе бидат подготвени уште годинава.

Производителот, кој е дел од Stellantis групацијата, за 2023 најави лансирање на комплетно електрична изведба од најавениот мал SUV, само неколку месеци по најавената комерцијализација на изведбите со мотори со внатрешно согорување.

Карлос Таварес објави фотографии од SUV моделот за време на настан на кој беше презнетирана стратегијата на групацијата.

Малиот електричен SUV е “првиот од серијата лансирања на електрични модели од страна на брендот Jeep, кој ќе има модели во сите SUV сегменти до 2025 година”, изјави Таварес.

Според него, од 2024 година, сите нови модели на Jeep, дури и оние во САД, ќе вклучуваат електрична изведба.

Според извори во индустријата, електричниот Jeep ќе се произведува во Полска, а ќе биде поставен на адаптираната E-CMP платформа развиена од поранешната PSA Group. Е-CMP платформата веќе ја користат моделите 208 и 2008 на Peugeot, Opel Corsa и Mokka, Citroën C4 и DS3 Crossback.

На истата платформа ќе биде поставен и очекуваниот нов кросовер на Fiat, како и новиот SUV на Alfa Romeo.

За време на презентацијата Таварес не октри технички податоци и цени во однос на новиот електричен Jeep.

Според сликите објавени од производителот, моделот, особено во предниот дел има сличен изглед како тековните Compass, Renegade и Grand Cherokee модели.

Во предниот дел доминира карактеристичната решетка со седум вертикални ленти, а вкупниот изглед повеќе асоцира на урбан SUV отколку на офроуд возило. Не е познато дали Jeep ќе понуди погон на сите тркала кај електричниот модел.

Новиот модел, кој веројатно ќе биде именуван како Junior Jeep, ќе биде позициониран под моделот Renegade, кој заедно со Fiat 500X, се произведува во фабриката во Мелфи, во јужна Италија.

Jeep изминатата година во Европа продаде 137,824 возила, што е 6.5% повеќе од претходната 2020 година. Renegade, со 69,841 продаден примерок, беше најпродаван модел во гамата на брендот, пред Compass, кој забележа 57,172 продажби.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди